Доктори.мк | Епидемиолошки карактеристики на вирусот на грип на територијата на Општина Куманово (научен труд) | Epidemioloski-karakteristiki-na-virusot-na-grip-na-teritorijata-na-Opstina-Kumanovo | Портал за медицина и здравје

Епидемиолошки карактеристики на вирусот на грип на територијата на Општина Куманово (научен труд)

Грипот е акутно респираторно заболување со голем морбидитет и сигнификантен морталитет. Причинител е ортомиксовирус, а од трите типа, епидемиолошко значење имаат тип А и тип Б.  Грипот се јавува во форма на епидемии и пандемии (инфлуенца Б може да сe јави и во спорадични случаи). Од 1997 година во светот циркулираат Х1Н1 и Х3Н2 подттиповите на инфлуенза А, кои  предизвикуваат епидемии на 1,2 или 3 години, а во 2009 година  и пандемија  со Х1Н1. Епидемија во еден регион се прогласува ако има зафаќање од 3 до 5%од вкупниот број на евидентирани жители, а епидемиите трат од 6-8 недели.

Цели

Целта на трудот е да сеанализираат  епидемиолошките карактеристикина во кумановскиот регион  во периодот од 1989 до 2015 година, да се види во кои години и со каква опфатност биле епидемиите, во кој период од годината се јавувале и која старосна група е најзафатена. 

Материјали и методи

Со ретроспективна студија анализиран е бројот на заболени од грип од 1989 до 2015 година и бројот на заболени по старосни групи во период од 2001 до 2015 година на територија наOпштина Куманово. Обработени се четири старосни групи. Првата старосна група се деца од предучилишна возраст (од 0 до 4 години), втората група се деца од училишна возраст(од 5 до 14 години), трета група работоспособно население(од 15 до 65 години) и четврта група старо население(над 65 години).Информациите се добиени со сумирање на податоците од дневниците за евиденција на болни од Ценатарот за јавно здравје- Куманово. Бројот на жители кој е користен во епидемиолошките пресметки е добиен од Државен завод за статистика според пописите спроведени во 1981 (60 842 житрели), 1994 (65 233 жители), 2002 (70 842 жители) и податок добиени од Центарот за управување со кризи според кој Општина Куманово во 2012 година брои 105 484 жители.

Резултати

Во период од 26 години регистрирани се се вкупно 81 739 заболени од грип.Според добиените податоци во 1991, 1994, 1996, 1998, 2001, 2002, 2003, 2004, 2006, 2012 и 2013 година се регистрирани помалку од 2% заболени од вкупниот број на жителии може да се каже дека во тие години немаше епидемии. Зголемен број на заболени помеѓу 2 и 3 %, односно на граница на прогласување на епидмеија беа годините 1990, 2000, 2005, 2008, 2010 и 2014 и 2015 гдина. Според добиените резултати на територијата на Општина Куманово во период од 1989 до 2015 година регистриравме вкупно 8 епидемии. Првата епидемија ја регистриравме во 1989 година, каде евидентиравме дека 16,98% од населението или вкупно 10333лица се заболени од грип. Втората епидемија е во 1992 со вкупно 10073 или 16,56% заболени, третата во 1993 со вкупно 12,55% или вкупно 7633 заболени, четвртата во 1995 година со 15135 заболени или 25,13% од вкупното население и е воедно најголемата епидемија регистрирана во испитуваниот период на територијата на Општина Куманово. Петтата епидемија ја регистриравме во 1997 година со 5,5% заболени од вкупното население или 3313 лица, шесттата во 2007 година со 4920 заболени или 6,95% од вкупното население, седмата 2009 година со вкупно 6073 заболени или 8,57% од вкупното населениеи последна регистрирана епидемија е во во 2011 година каде се регистрирани вкупно 2900 заболени или 4,09% од вкупното население.

Интересен е податокот дека во пандемичната 2009 година регистрирани се вкупно 6072 заболени(8,57%).Според анализа по месеци во периодот од 1989 до 2015 година податоците покажуваат дека најголем број на заболни имавомарт 31181 заболени пред јануари со вкупно 24977 заболени и февруари 14973 заболени и може да сe каже дека епидмеиите во овој 26 годишен период се јавувале во овие три месеци. Значајна активност грипот имал и водекември со вкупно 5549, април 3296 и ноември со 1365 заболени. Во станатите месеци нема регситрирано појава на грип или има само спорадични случаи највероватно од инфлуенца Б вирусот.  Според анализа по старосни групиво периодот од 2001 до 2015 година од вкупно обработени 29 070 заболени, кај децата од предучилишна возраст се регистрирани 3965 случаи или вкупно 13,64%, кај децата од училишна возраст се регистрирани 8 193 случаи или вкупно 28,18%, кај работоспособното населени се регистрирани вкупно 15 057 заболени или вкупно 51,80% и кај старото население над 65 години се регистрирани вкупно 1855 случаи на заболени од грип или вкупно 6,38%.

Заклучок

  • Во анализиран 26 годишен период во кумановскиот регион се регистрирани 8 епидемии со грип.

  • Најголема епидемија со15 135 заболени (25,13% )е во во 1995 година.

  • Од осум епидемии дури 5 се со значително поголем број на заболени од пандемичната 2009 година.

  • Епидемиите се јавуваат во месеците март, јануари и февруари со значителна активност и во месец декември.

  • Најголем број на заболени има во најбројната старосна група од 15 до 60 години, а најмалку заболени има во старосната група над 65 години.

Автори на трудот:

Кристина Денчовска и Роберт Николовски

под менторство на Проф. д-р Вело Марковски

 

www.doktori.mk, 21.04.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина