Доктори.мк | Прв интернационален студентски симпозиум 2016 | prv-internacionalen-studentski-simpozium | Портал за медицина и здравје

Прв интернационален студентски симпозиум 2016

доктор на медицина

На 20ти Април 2016 година во Мултимедијалниот Центар во просториите на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип ќе се одржи Првиот Интернационален Студентски Симпозиум 2016 на тема: CELEBRATING ACHIEVEMENTS IN MEDICAL SCIENCES, PROMOTING HEALTH AND SHARING KNOWLEDGE во организација на Факултетот за Медицински науки при УГД - Штип. Целта на симпозиумот е да создаде интерес, инспирација и врски меѓу студентите на медицинските, биомедицинските и природните науки, да се согледа напредокот во досегашните медицински достигнувања и да се создаде меѓународна платформа за размена на резултати од истражувања и знаења за разни теми од областа на медицината. 

Програмата на симпозиумот ќе содржи предавања, 12 орални студентски презентации и 25 студентски постер презентации. На Првиот Интернационален Студентски Симпозиум ќе земат учество и врвни предавачи - научници од светски рамки со пленарни предавања распоредени во три сесии, а своја презентација ќе има и деканот на Факултетот за медицински науки при УГД - Штип, проф. д-р Рубин Гулабоски.

Ова е прва манифестација од ваков вид за која се очекува дека ќе премине во традиција и секоја наредна година ќе брои поголем број на активни и пасивни учесници.

Тимот на Доктори.мк упатува честитки и посакува успешен симпозиум.

www.doktori.mk, 18.04.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина