Доктори.мк | ,,Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“ – час на планетата Земја! | Vkluci-se-vo-akcijata-iskluci-gi-svetilkite-cas-na-planetata-zemja | Портал за медицина и здравје

,,Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“ – час на планетата Земја!

доктор на медицина

Да ги промениме климатските промени ... 

Вечерва, 19 март со почеток во 20:30 часот станете дел од најголемата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“ со едночасовно исклучување на електричните светилки. Со симболичното едночасовно исклучување на светилките се испраќа порака за намалување на искористувањето на енергетските ресурси и здружен глас за спас на планетата Земја.

Во акцијата се вклучени преку 170 земји ширум светот, а Македонија по седми пат ќе ја поддржи глобалната акција. Од година во година значително се зголемува бројот на земји поддржувачи како и организации кои ја пропагираат политиката на самата организација и  со тоа влијаат на зголемување на нејзината популарност. Оваа година мотото на настанот е ,,Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките!“

Тимот на Доктори.мк апелира до сите граѓани, домаќинства, јавни и приватни установи да земат учество во акцијата и да ја покажат својата солидарност со едночасовно исклучување на светилките во период од 20:30 -21:30.

Во оваа борба само здружени сили постигнуваат успех. Да испратиме порака дека можеме и сакаме да успееме... За нас и за оние кои доаѓаат. Настанот е поддржан од Светскиот фонд за природа (WWF – World Wildlife Fund), интернационална организација активна во 162 држави формирана во 2007 година.

Ако биде мрак нека биде еколошки мрак!

www.doktori.mk, 19.03.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина