Станете милионер на насмевки

доктор по стоматологија

Насмевката е најмалото и најзабележително движење на усните, каде се вклучени сите наши емоции. Златниот ѓердан можеби ќе го надополни совршено вашиот изглед, но само вашата насмевка може да го исполни вашиот живот.

Насмевката е вашиот прв израз на лицето ...

Насмевката не чини ништо, но создава многу ...

Ги збогатува оние кои ја примаат, без да ги осиромаши оние кои ја даваат ...

Насмевката се случува во еден миг, а понекогаш во нечија меморија може да трае вечно ...

Создава среќа во домот ...

Таа е најдобриот природен противотров за невољи ...

Насмевката не може да се купи или позајми, но може да се укради ...

Вистинската насмевка може да го зголеми вашето расположение ...

Вашето тело е порелаксирано додека се смеете ...

Насмевката е заразна ...

Додека се смеете на вашето лице може да се активираат од 5 до 53 мускули ...

Бебињата по самото рагање веднаш имаат способност да се насмевнат ...

Насмевката е препознатлив израз на лицето ...

Жените се насмевнуваат дневно повеќе од мажите ...

Насмевката е попривлечна од шминката ...

Постојат 19 различни видови на насмевка ...

Насмевката не создава брчки, виновникот за тоа е еластичното намалување на кожата ...

Дури и ако ставите лажна насмевка на лицето, таа ќе ве расположи ...

Полесно е да се насмевнеш отколку да објаснуваш зошто си тажен ...

Насмевката ослободува ендорфин ...

Насмевката може да се слушне ...

Луѓето кои често се смеат живеат во просек седум до дваесет години подолго отколку оние кои се тажни ...

Насмевката може да ве заштити од настинка, така што со намалување на стресот се зголемува имунолошкиот систем и бројот на белите крвни клетки, корисни антитела кои помагаат во борбата против инфекции и болести ...

Постојат неколку човечки гестови кои излегуваат од јазичните бариери на целиот свет, а насмевката е една од нив ...

Насмевката може да ве нап ...

Насмевката е еден од најчестите комплименти ...

Доколку сте жена ќе изгледате многу попривлечно за машкиот пол ако се насмевнете ...

Насмевката е откриена тајна на нашата емоционална состојба ...

Оние кои имаат тенденција да се смеат често, имаат поголема самодоверба ...

Шансите да се насмеете се многу поголеми кога сте во друштво отколку сами ...

Смеењето е универзален знак на среќа ...

Не џабе се рекло ,,насмевката е најдобриот лек”.

Насмевката е единствената крива линија која може да исправи многу нешта. Таа е отпечаток на вашите мисли и во себе содржи различни пораки. Евоцирањето на среќата е резултат на ведра насмевка која со гордост се носи.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 26.01.2016

Последна вест

Најчитани статии - животен стил