Тромбоза и MegaVac метода

студент по медицина

Тромб претставува згрутчување на крвта во вена, артерија, срце. Тромбот може делумно или целосно да го блокира протокот на крвта во крвен сад. 

 

Најстрашно е тоа што овој тромб или пак делови од тромбот може да се октинат и по крвниот тек да се разнесат до различни делови на телото и да доведат до затнување на одреден крвен сад, при што може да резултираат и со брза смрт. Поради тоа во медицината многу се работи во изнаоѓање на начини при кои на наједноставен, најбезболен и најсигурен пат ке се острани овој тромб и ке се спречи некоја фатална последица. 

 

Во оваа статија би сакал да ви ја претставам револуционерната MegaVac методата, која ни обезбедува сеопфатно тераписко решение за секој тромб во нашето тело. Ова технологија може истовремено да извршува тромбектомија но и да ни овозможи емболична заштита. MegaVac метода има потенцијал да стане стандард во нега и третман на тромбозата, како и во другите адјувантни терапевтски процедури.  Составена е од две медицински помагала : 

 

MegaVac  (VET) : вклучува уникантен овален дистален врв, кој врши оклузија на крвниот тек преку формирање на комплекс со ѕидот на зафатениот крвен сад. Катетерот е поставен проксимално од таргет тромбот, каде користејќи игла тромбот се пенетрира. Поради оклузија на крвниот тек, аспирацијата на тромбот е ефикасна бидејќи се превенира крвниот тек да интерферира во неговата сукцијата. Сигурноста е енормно зголемена со стопирањето на крвниот тек, превенирајќи дел од тромбот или дебрисот да патуваат по крвниот тек и да предизвикаат штета. 

 

 

ThromboWire: е вториот дел кој располага со мрежа која има за задача да го повлече тромбот во VETкатетерот. Се поставува дистално од тромбот и ефикасно го внесува целиот тромб во овалната глава на катетерот. Мрежата е специфично направена да спречи делови од тромбот да се отцепат и да направат дистална емболизација. Оваа направа е високо ефикасна во отстранување на високо организирани или адхерентни тромбуси кои се резистентни на другите третмани.

 

 

дознајте повеќе за Иван Аргиров

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 16.01.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина