Блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB) - ЕКГ курс

Нормална физиологија на QRS формацијата

Срцето има специјализирани клетки кои што овозможуваат пет критични електрични и механички функции. Синусниот јазол ја претставува првата од петте критични функции - способноста за создавање на автоматски и регуларен срцев ритам. AV јазолот ја претставува втората критична функција - способноста за одложување, а потоа и спроведување на електричниот импулс меѓу преткомората и комората. Десните и левите снопови од соодветните гранки ја обезбедуваат третата функција - комуникација на електричниот импулс со неколкуте милијарди клетки во левата и десната комора, со цел обезбедување на симултана активација на двете комори. Десните и левите снопови на соодветните гранки формираат исклучително способен и ефикасен комуникациски систем. Тие вршат внимателна навигација на имуплсот, и со тоа ја деполаризираат секоја клетка од неколкуте милијарди коморни клетки поединечно. Оваа деполаризација на десната и левата комора го формира нормалниот QRS-комплекс, со неговиот нормален интервал на траење од 0,08 секунди (Слика 1).

Нормална визуелизација на физиологијата на QRS-комплексот

Нормалниот QRS-комплекс претставува комбинирана деполаризација на сите клетки од левата и десната срцева комора. Ова нормално се случува, од првата до последната клетка, во временски интервал од 0,08 секунди. Пораката за деполаризација се спроведува и во двете комори - и во левата и во десната срцева комора. Нормалната насока на QRS-комплексот е кон врвот на левата комора, инфериорно и во лево. Тоа е затоа што левата комора има поголема дебелина (маса) во однос на десната комора. Оваа нејзина поголема маса создава поголема електрична сила при правење на ЕКГ, за разлика од помалата десна комора. Двете комори, нормално, се деполаризираат во исто време, и поради тоа, левовентрикуларната компонента од тоталната електрична сила ја фрла во сенка далеку помалата електрична сила на десната комора. Во фронтална рамнина, компонентите на QRS-комплексот се насочени кон левата страна на пациентот, претставени со нагорен (позитивен) отклон во првиот одвод (DI). Во хоризонтална рамнина, насоката на компонентите на QRS-комплексот е постериорна, а тие се претставени со надолен (негативен) отклон во вториот прекордијален одвод (V2) (Слика 2 и 3).

Блок на десна гранка на Хисов сноп: Патофизиологија

При блок на десната гранка на Хисовиот сноп, сето ова горенаведено се менува. Коморите не се деполаризираат симултано, во исто време, туку тоа го прават во секвенци - прво се деполаризира левата, а потоа десната комора. Секвенцата започнува со левата гранка, затоа што таа функционира нормално. Таа ја деполаризира целата лева комора во нормален временски интервал, којшто е помал од 0,10 секунди. (Целата лева комора ја завршува својата деполаризација во првите 0,08 секунди). Остатокот од QRS-комплексот после првите 0,08 секунди ја претставува само десната коморна активација (<0,04 секунди). Ова е вториот дел од секвенцата - деполаризација на десната комора од импулсот на левата гранка. Доколку деполаризацијата на двете комори не е симултана, туку секвенциона, тогаш нејзе ѝ е потребно 50% подолго време од времетраењето на симултаната деполаризација, со нормален QRS-комплекс од 0,08 секунди. Продолжувањето на интервалот на QRS-комплексот до 0,12 секунди или повеќе е дијагностичка потврда за блок на гранка на Хисовиот сноп. Оваа секвенциона деполаризација го овозможува вториот белег на блокот на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB), а тоа е фактот дека последниот дел од деполаризационата секвенца (т.е од QRS-комплексот) мора да биде десновентрикуларен, согласно неговата насока. При блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB), левата гранка ја прекинува вентрикуларната активација на десната страна, со тоа што QRS-комплексот завршува во десната комора, со насока којашто е во десно и кон напред (Слика 4 и Слика 5 и 6).

 

Блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB): ЕКГ во фронтална рамнина

Продолжувањето на интервалот на QRS-комплексот до 0,12 секунди или повеќе е дијагностичка потврда за блок на гранка на Хисовиот сноп. Оваа секвенциона деполаризација го овозможува вториот белег на блокот на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB), а тоа е фактот дека последниот дел од деполаризационата секвенца (т.е од QRS-комплексот) мора да биде десновентрикуларен, согласно неговата насока. При блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB), вентрикуларната активација се прекинува на десната страна, со тоа што QRS-комплексот завршува во десната комора, со насока кон десната страна на пациентот и кон напред. Кога интервалот на QRS-комплексот е 0,12 секунди или повеќе, тогаш е присутен блок на гранка на Хисовиот сноп. Набљудувај ја насоката на крајниот сегмент од QRS-комплексот во првиот одвод (DI). Доколку тој е негативен, истиот е насочен кон десната срцева комора. Тоа е знак дека е присутен Блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB) (Слика 7).

Блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB): ЕКГ во хоризонтална рамнина

Продолжувањето на интервалот на QRS-комплексот до 0,12 секунди или повеќе е дијагностичка потврда за блок на гранка на Хисовиот сноп. Оваа секвенциона деполаризација го овозможува вториот белег на блокот на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB), а тоа е фактот дека последниот дел од деполаризационата секвенца (т.е од QRS-комплексот) мора да биде десновентрикуларен, согласно неговата насока. При блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB), вентрикуларната активација се прекинува на десната страна, со тоа што QRS-комплексот завршува во десната комора, со насока кон десната страна на пациентот и кон напред. Кога интервалот на QRS-комплексот е 0,12 секунди или повеќе, тогаш е присутен блок на гранка на Хисовиот сноп. Набљудувај ја насоката на крајниот сегмент од QRS-комплексот во првиот прекордијален одвод (V1). Доколку тој е позитивен, истиот е насочен кон десната срцева комора. Тоа е знак дека е присутен Блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB) (Слика 8).

Блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB): Резиме на критериумите

Критериум 1: Интервалот на QRS-комплексот изнесува 0,12 секунди или повеќе;

Критериум 2: Крајниот сегмент од QRS-комплексот е насочен кон десната срцева комора, што значи во десно и кон напред.

   А) Екстремитетни одводи: QRS-комплексот завршува како S бран во првиот одвод (D1), како и во шестиот прекордијален одвод (V6). Ова е насока во десно (Слика 9).

  Б) Прекордијални одводи: QRS-комплексот завршува како R или R’ бран во првиот прекордијален одвод (V1). Ова е насока во деснои кон напред (Слика 10).

Клучен момент: Првата половина од QRS-комплексот е ирелевантна во поставување на дијагнозата Блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB)!

Блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB): Абнормални ST-сегменти

Кај блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB), ST-сегментот е очекувано абнормален и истиот е во спротивна насока од онаа на десната срцева комора. На Слика 11, крајниот сегмент од QRS-комплексот е негативен во првиот одвод (D1), со тоа што ST-сегментот би требало да има спротивна насока од онаа претходно наведената, или пак, да се манифестира како ST-сегмент елевација во истоимениот одвод. Во првиот прекордијален одвод (V1) (Слика 12), крајниот сегмент од QRS-комплексот е позитивен, со тоа што ST-сегментот би требало да има спротивна насока од онаа претходно наведената, или пак, да се манифестира како ST-сегмент депресија во истоимениот одвод. Кај блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB), формацијата на QRS-комплексот е секвенциона. Поради тоа, не треба да се дијагностицира хипертрофија на десната срцева комора при истовремено присуство на блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB). Сите други промени на ЕКГ трасето, особено појавите на: хемиблок, исхемија или инфаркт на миокардот, можат да се дијагностицираат и би требало да се евалуираат при истовремено присуство на блок на десната гранка на Хисовиот сноп (RBBB).

Автори на рубриката " EКГ курс - Чекор по чекор":

                                                 Страхил Тодоров
                                                 Роберт Николовски

 

Продолжуваме, следете не ...

www.doktori.mk, 14.01.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина