По повод светскиот ден на мозочниот удар - Здружението за борба против мозочен удар организира акции во Скопје, Штип и Тетово

д-р Маја Божиновска Смическа
специјалист невролог
Специјална болница по ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" - Охрид

По повод 29.10.2015 (четврток) - Денот на мозочниот удар, Здружението за борба против мозочниот удар ќе организира акции, под мотото "Внимавај мозочен удар" во Тетово, Штип и Скопје.

Целта на овие акции е индивидуална евалуација на ризик факторите за мозочен удар, при што секој посетител ќе има можност да биде прегледан од специјалист невролог и специјалист интернист, да направи ЕКГ, проверка на шеќерот во крвта и мерење на крвниот притисок. Истовремено ќе биде поделен и информативен материјал, а во Штип ќе се одржи и предавање на темата "Мозочен удар и тромболиза"- предавачи, Д-р Маја Божиновска Смичевска и Д-р Елена Личкова - специјалисти невролози. Целта на овие активности е населението да биде запознаено со мозочниот удар, со ризиците и начинот на превенција, но и како брзо и навремено да ги препознаат знаците на мозочен удар, бидејќи единствена терапија за исхемичните мозочни удари е ефикасна само доколку навремено се дијагностицира болеста.

 

 

 

Активностите ќе се одржат на следните локации:

  •  Тетово - на платото пред домот на култура 10:30 - 13:30 часот

  •  Штип - здравствен дом (приземје) - 10:30 - 13:30 часот,  предавањето на тема "Внимавај мозочен удар"  - 14  часот во свечената сала при Факултетот за образовни  науки - Штип

  •  Скопје - Скопски саем од 10 - 12 часот

  Акциите се од отворен карактер наменети за сите  оние  кои се грижат за своето здравје и здравјето на  своите  најблиски!

 

 

Здружение за борба против мозочниот удар "МОЗОЧЕН УДАР"

 

www.doktori.mk, 27.10.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина