Алцхајмерова болест

студент на медицина

Деменцијата, која се дефинира како развој на нарушување на помнењето и други дефекти со зачувување на нормалното ниво на свест, се повеќе претставува  една од најважните теми на јавното здравство во идустријализираните земји. Еден од главните причини за настанување на деменција е и Алцхајмеровата болест.

Алцхајмеровата болест е една од главните причини за деменција кај постарите. Болеста обично се јавува постепено и станува клинички видлива како притаено нарушување на интелектуалните функции, со промени во однесувањето и расположението . Во раната фаза на болеста пациентите обично имаат потешкотии со усвојување на нови информации или сеќавање (пр. Каде ги оставил клучевите, паричникот).  Потоа проблемот прераснува во неможност за прераскажување на минати настани и неможност за искажување. Напреднатата неориентираност, губиток на помнењето и афазијата доведуваат до тешка кортикална дисфункција, а во текот на следните 5 до 10 години пациентот станува длабоко инвалидизиран, глувонем , неподвижен и неспособен за извршување на основните животни финкции. До смрт обично доаѓа поради секундарни инфекции или испрекината пневмонија. Повеќе од 50% е застапена кај лица постари од 85 години, но може да се јави и кај помлади лица. Има докази дека постои воспаление во мозокот на пациент со Алцхајмерова болест, која е поврзана со формирањето на амилоид протеин.

Лекување

Не постои лек за Алцхајмерова болест и третманот се потпира на олеснување на симптомите и забавување на прогресијата на болеста. Лекови кои ја зголемуваат концентрацијата на ацетилхолин се одобрени од страна на Американската агенција за храна и лекови (FDA) за лекување на Алцхајмерова болест. Пациентите примаат лекови кои се инхибитори на холинестеразата , кои имаат скромен но позитивен ефект особено во средната фаза од болеста.

Дознајте повеќе за Марија Станковска > > >

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 01.10.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина