Покана за предавање на д-р Paula Weerkamp Bartholomeus - МНЗА

доктор на дефектолошки науки и доктори на медицина

МНЗА во рамките на своите програмски активности често пати реализира актуелни предавања со домашни и странски еминентни предавачи. Овој пат имам голема чест и задоволство да ве поканам на предавањето на д-р сци. Paula Weerkamp-Bartholomeus  што ќе се одржи на 14.09.2015 година со почеток во 10:00 часот во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје. 

Предавањето што ќе го реализира колешката од Холандија носи наслов: “Reattach: introduction of a new schematherapy” и ќе се реализира на англиски јазик, како и дискусијата што ќе следи по него. За присуството не се наплаќа котизација. Д-р сци. Paula Weerkamp-Bartholomeus е училишен психолог и доктор на науки по специјална едукација и рехабилитација која живее и работи во Холандија (повеќе за методот на следниот линк: http://reattach-therapy-institute.com).

Предавањето е наменето за дефектолози, психолози, доктори по медицина, родители, студенти, како и други сродни профили кои се занимаваат со оваа проблематика. Заради увид во точниот број на гости, а заради можно пробивање на капацитетите на салата за седници и барање на алтернативно решение (големиот амфитеатар) ве молам вашето учество да го пријавите на секретарот на МНЗА Филип Јуртоски на следната е-пошта: secretary@mssa.org.mk) најдоцна до 10.09.2015 година.

                                                                           Со колегијална почит,

Претседател на МНЗА,
проф.д-р Владимир Трајковски>>>

www.doktori.mk, 08.09.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина