ВТ ДИЕТ КЛУБ, прв интернет диет клуб во Р. МАКЕДОНИЈА – интервју со Таневски Влатко

Дипломиран радиолошки технолог, студент по фармација

Пред 1,5 месец, Таневски Влатко го основа првиот Интернет диет клуб во Р. Македонија – ВТ диет клубот. На наше огромно задоволство екипата на Доктори.мк, оствари интервју со Таневски Влатко, кој е долг период дел од тимот на Доктори.мк. Во денешното интервју, Таневски ќе се обиде да ви одговори на сите позначајни прашања поврзани со ВТ диет клубот и принципите на метаболитичката исхрана.

 

Доктори.мк: Уредниците и тимот на Доктори.мк, најпрво би сакале искрено да Ви се заблагодарат за времето кое несебично го одвоивте за со ова интервју да помогнете на нашата поширока публика на читатели да ги запознаете со принципите на метаболитичката исхрана и со бенефитите од истата. Но, пред да започнеме да говориме за метаболитичката исхрана, сакаме нашите читатели да ги запознаеме со Вашиот Интернет диет клуб – ВТ диет клубот. Што Ве мотивира да основате Интернет диет клуб?

Таневски Влатко: Д-р Ослер, познат канадски лекар, зборува дека 90% од болестите, со исклучок на инфекциите и несреќите, се тесно поврзани со исхраната. Неодамна заедно со проф. д-р. Л. Мирчевска од Високата медицинска школа во Битола водевме едно истражување за обезитас на ниво на Р. Македонија. Податоците што ги собравме ме шокираа. Обезитасот (дебелината) е проблем на 21-от век на глобално ниво. Главниот виновник за појава на обезитас е брзото темпо на живеење и седечкиот начин на живот. Луѓето постојано некаде брзаат и немаат време за себеси: немаат време за физичка активност, немаат време за здрава исхрана. Данокот што ни го наплатува брзото темпо на живеење го гледаме насекаде: вишок килограми, дијабетес мелитус тип 2, дислипидемија, зголемена стапка на кардиоваскуларни болести, цереброваскуларен инсулт, малигни заболувања, остеопороза, артритис итн. Сите набројани факти ме мотивираа да го основам првиот Интернет диет клуб во Р. Македонија – ВТ диет клубот.

 

 

Доктори.мк: Зошто се одлучивте за Интернет диет клуб? Зошто не се одлучивте за нутри-диет ординација со постојано седиште?

Таневски Влатко: Јас сум човек кој не е стационирам на едно место. Обврските постојано бараат од мене да бидам на пат: Ресен – Битола – Скопје. Од друга страна се одлучив за Интернет диет клуб, бидејќи живееме во 21 век и сите луѓе имаат пристап до Интернет. Интернетот го направи светот едно глобално село. Доколку бидам стационирам на едно место, пр. Скопје, нема да бидам достапен за сите луѓе во Р. Македонија. Факт е дека Скопје е метропола во Р. Македонија, но Р. Македонија не ја сочинува само Скопје. Има луѓе кои живеат во Битола, во Струмица, во Охрид, во Струга... И тие не би биле во можност секогаш да доаѓаат во Скопје, за да може да правиме здрав режим на исхрана. Патувањето е трошок. Па, гледајќи низ економска призма и низ призмата на современото време, се одлучив за Интернет диет клуб. Сега благодарение на Интернетот, нашиот ВТ диет клуб е постојано тука за неговите членови. Членовите на ВТ диет клубот можат постојано да бидат во контакт со нивниот нутриционист и можат секој миг да се информираат за здравата исхрана.

 

 

Доктори.мк: Неодамна го посетивме сајтот на ВТ диет клубот и прочитавме многу интересни содржини во врска со здравата исхрана. Какви дејности пружи ВТ диет клубот?

Таневски Влатко: Прва дејност која што ја врши ВТ диет клубот е едукација. На нашиот сајт ќе најдете многу интересни стории, едукативни текстови од областа на нутрицијата, диететиката, вегетарјанството, фитнсот. Целта на овие текстови е да ги мотивираат луѓето да живеат здрав живот, да бидат физички активни и да се хранат здраво и избалансирано. Исто така, ВТ диет клубот располага и со своја ВТ диет програма која е базирана на принципите на метаболитичката исхрана. ВТ диет клубот цели преку ВТ диет програмата да им помогне на луѓето да го победат вишокот на килограми и болестите, како и да го подобрат целокупното здравје. Освен ВТ диет програмот, тимот од нутриционисти на ВТ диет клубот изготвува и други здрави режими на исхрана за една широка таргет група: боди-билдери, спортисти, вегетарјанци, вегани, пегани. Тимот на ВТ диет клубот е секогаш подготвен да им ги понуди несебично своите знаења на неговите членови со цел да добиеме здрави луѓе. А, само здравите луѓе се среќени луѓе.

 

 

Доктори.мк: Дали може да ни дадете некои подетални информации за ВТ диет програмот и за принципите на метаболитичката исхрана?

Таневски Влатко: Јас нема да говорам само за ВТ диет програмот бидејќи ќе биде доста себично од моја страна. ВТ диет клубот го сочинуваат тројца нутриционисти: јас, Благој и Елена. Секој од нас си има свои карактеристичен начин на работа. Благој е незаменлив за изработка на програми за тренинзи и режими на исхрана кај спротисти и кај боди-билдери. Елена е експерт за вегетарјанство. Елена изработува прекрасни режими за вегетарјанци и вегани. Јас лично го работам ВТ диет програмот, кој се базира на принципите на метаболитичката исхрана. За да може да се изработи еден режим кој се базира на метаболитичка исхрана потребно е:

  • Солидно познавање на медицинските науки. Метаболитичката исхрана е различна кај различни здравствени состојби.
  • Солидно познавање на биохемијата и метаболитичките патишта. Секој човек е посебен микрокосмос: различен организам, различен метаболизам, различна генетика. За да нурнеме во водите на овој т.н. ,,микрокосмос“ и да ги откриеме неговите тајни, потребно е солидно познавање на биохемијата и на клиничката биохемија.
  • Солидно познавање на нутриционизмот. Секој што се занимава со метаболитичка исхрана треба да го знае нутритивниот квалитет на секоја намирница: дали во намирницата доминираат протеини или јаглехидрати, дали намирницата има масти, какви масни киселини се застапени, какви аминокиселини се застапени, кои витамини и минерали ги има одредена намирница... Станува збор за едно широко море од информации. Само нутриционист кој добро го знае нутритивниот квалитет на секоја намирница, може да изработи добар режим базиран на метаболитичка исхрана.

 

 

Доктори.мк: Што претставува метаболитичката исхрана?

Таневски Влатко: Метаболитичката исхрана е исхрана која ја зголемува размената на материи во телото. Но, тука треба да дефинираме уште еден значеан параметар: ,,метаболитичка возраст“. Метаболитичката возраст покажува на кое ниво се наоѓа нашиот метаболизам во моментот. Вусшност таа ни покажува колку е стар нашиот организам. Размента на материи се намалува кога ќе наполниме 16-17 години. Преку метаболитичката исхрана се зголемува размената на материи, се зголемува елиминацијата на токсичните метаболити, се согоруваат повеќе калории и се намалува метаболитичката возраст. Намалувањето на метаболитичката возраст е клучот кој води до убаво тело и совршено здравје.

 

 

Доктори.мк: Што е потребно за да се изработи еден ВТ диет програм?

Таневски Влатко: Прво ќе напоменам дека во ВТ диет програмот нема броење на калории, нема грамови, нема забранети намирници. Броењето калории е една застарена метода каде што поголем акцент се ставаше на квантитетот на храната. Ние не ставаме акцент на квантитетот на храната, туку на квалитетот на храната. За да се стекне вистинска слика за тоа колку е делотворна метаболитичката исхрана, потребно е 8 недели да се придржуваме кон овој начин на исхрана. За да добијат ВТ диет програм, членовите на ВТ диет клубот потребно е да направат комплетна крвна слика со испитани следни параметри: еритроцити, леукоцитна формула, тромбоцити, хемоглобин, хематокрит, серумско железо, гликоза, холестерол (LDL, HDL), триглицериди, ALT, AST, уреа, креатинин, мочна киселина. Крвната слика е неопходна за да ја одредиме метаболитичката возраст. Потоа по електронски пат земаме анамнеза од нашите членови со цел да утврдиме алергија на некоја храна, целијакија, интолеранција на лактоза и се разбира за да имаме увид за целокупната здравствена состојба на нашиот член. И на крај правиме токсемиски тест, тест со кој се утврдува присуството на токсични материи во организмот со цел да постигнеме ефикасна детоксификација на телото. Тука морам да напоменам дека нашиот ВТ диет клуб има развиено електронски регистер за прибирање на анамнестички податоци од нашите пациенти и електронски токсемиски тест. Така да се му е достапно на нашите членови и во електронска верзија. На нашите членови останува да ги пополнат само регистерот и токсемискиот тест.

 

 

Доктори.мк: Тематикaва е многу интересна и за неа може уште многу да се говори, но времето постојано не гази. За крај, постои ли уште нешто што треба да се додаде, а е значајно за метаболитичката исхрана?

Таневски Влатко: Секако дека метаболитичката исхрана е една многу опсежна тематика. За крај можам да додадам дека сите заинтересирани подетални информации за метаболитичката исхрана можат да добијат на нашиот сајт: http://vt-diet-klub.mozello.com/ . Исто така, читателите може подетално да се информираат и на нашата ФБ страна: https://www.facebook.com/vt.diet.club.

 

 

Доктори.мк: Ви благодариме за одвоеното време и да се надеваме дека ова интервју ќе ја подигне совеста на луѓето за здравата исхрана и за здравиот начин на живот на едно повиско ниво, на едно повисоко скалило.

Таневски Влатко: Ви благодарам и јас Вам за интересот кој го покажувате кон моите активности. Ви стојам на располагање секогаш кога ќе ве интересираат и други теми од областа која ја застапувам.

www.doktori.mk, 11.06.2015

Последна вест

Најчитани статии - исхрана