Доктори.мк | 15 години Македонско научно здружение за аутизам | 15-godini-Makedonsko-naucno-zdruzenie-na-autizam | Портал за медицина и здравје

15 години Македонско научно здружение за аутизам

доктор на дефектолошки науки и доктори на медицина

Македонското научно здружение за аутизам е формирано на 22 мај 2000 година. Годинава одбележуваме 15 години од постоењето. 

МНЗА е невладино, непрофитно и професионално здружение на граѓани составено од дефектолози, доктори по медицина, психијатри, имунолози, алерголози, психолози, социјални работници и други стручни и научни дисциплини, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел за подобрување на истражувањето и третманот на лицата со аутизам во Република Македонија. Македонското научно здружение за аутизам остварува поширок заеднички интерес и посебни цели и задачи:

  • примарна превенција на лицата со аутизам;

  • истражување механизмите кои се поврзани со аутизмот;

  • истражување ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;

  • третирање на лица со аутизам;

  • соработка со родителите на деца со аутизам;

  • координација на владини и невладини организации кои се бават со аутизам.

Наши членови земаа учество на десетина семинари и конгреси во земјата и странство. Реализирани се преку 10 стручни и научни проекти со национален и меѓународен карактер. Нашите членови имаат објавено шеесетина стручни и научни трудови од кои повеќето се наведени на следниот линк. Нашите трудови се цитирани во светски реномирани научни списанија. Организирани се три трибини за Down синдром заеднос о нашите партнери од Трисомија 21 Загреб - вели проф.д-р Владимир Трајковски, еден од основачите на ова здружение.

Во месец мај здружението исто така остварило обука за аутизам наменета за наставниците од ОУ Јоаким Крчоски од село Волково. Има и многу други активности и ангажмани на членовите на МНЗА кои несебично се вградуваа во оваа голема сложувалка.

Дознјате повеќе за проф.д-р Владимир Трајковски>>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 23.05.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина