Светска недела на имунизацијата 24-30 април - интервју со д-р Елена Вучковска

Светкста недела на имунизацијата оваа година започнува на 24-ти и трае до 30-ти април, темата оваа година е "да се затвори јазот за имунизацијата", по тој повод доктори.мк разговара со д-р Елена Вучковска ...

Доктори.мк: Тимот на Доктори.мк најпрво Ви се заблагодарува за учеството во денешното интервју и се надеваме дека ќе поттикнеме свесност и одговорност кај родителите и пациентите во врска со вакцинирањето на нивните деца но и одговорноста кон целокупното здравје на децата и семејството.

Вие веќе неколку години работите како матичен лекар во самостојна ординација по Општа медицина, кажете ни според вашите искуства дали свесноста на граѓаните за своето здравје е во пораст или потполно спротивно?   

Свесноста на граѓаните за своето здравје е на задоволително ниво и претставува заеднички успех меѓу  мене како матичен лекар и моите пациенти,сето тоа благодарение на добриот и ефикасно воспоставен здравствен систем, преку кој може добро да се запознаат и следат нашите пациенти,редовно да ги обавестуваме за вакцинација, систематски прегледи, како и да ги повикаме на превентивни или скрининг програми.

Доктори.мк: Оваа недела е светска недела за имунизација, кажете ни го вашиот став во врска со вакцинирањето?

 Вакцинација или имунизација е постапка која се  применува  за заштита на организмот од заразни  болести и е една од  најефикасните и најуспешни  здравствени интервенции за  заштита на здравјето на  децата кон одреден специфичен  предизвикувач на  болест,како и смртен исход или  инвалидитет. Во  рамките на светската недела за  имунизација овој  настан има за цел да ја зголеми  довербата од  потербата за заштита на секое дете од  болести кои  можат да се спречат са вакцинација,а  посебно децата од  тешко достапни вулнерабилни и  маргинални  групи. Вакцинирањето е докажан здравствен  модул кој ги  заштитува следните генерации, ги намалува  и во некои    случаи сосема елиминира многу болести кои  само до пред  неколку генерации убиле или опасно им  наштетиле на  луѓето, истовремено спречени се многу  епидемии.Во    последните 30-тина години со  имунизацијата се  постигнати значајни резултати во  искоренување на  големите сипаници,детската парализа,  редуцирано е  заболувањето од мали сипаници,како и  забележителен  пад на заболувањата од заразни болести  против кои се  спроведува имунизацијата.

Доктори.мк:  Во тој контекст што би им препорачале на родителите чие дете треба да се вакцинира во претстојниот период?

Зконска обврска е на секој родител е да ги вакцинира своите деца. Вакцината е превентивна мерка со која се елиминирани или редуцирани на минимум многу заразни болести.Ако  продолжиме да вакцинираме и тоа со целосна вакцинација, родителите ќе можат да сметаат на тоа дека некои денешни болести во иднина нема да постојат за да ги повредуваат нивните деца, а други се на прагот да бидат елиминирани, првенствено заради безбедноста и ефикасноста на вакцините.

·Доктори.мк: Дали во вашата лекарска пракса сте забележале дете кое имало потешки последици од примање на вакцина?

Родителите често пати се плашат од реакциите кои настануваат по вакцинирањето. Денешните вакцини се многу по рафинирани од порано,па затоа не се очекуваат многу поствакцинални реакции. Во текот на првите 24 часа по вакцинацијата може да се јави лесно покачена температура, црвенило,болка, оток или затврднување на местото на апликација, вознемиреност, плачење, но ова е минимално во однос на болката, непријатноста и траумата од болеста која вакцините ја спречуваат.

Доктори.мк: На кратко би сакале да го искористиме вашето гостување да ве прашаме и за една друга многу актулена тема, лекарите во Македонија, но и пошироко низ цела Eвропа се критикувани за преголемо препишување на антибиотска терапија, кој е Вашиот став во врска со Ова, дали во пракса е лесно да се избегне препишување на антибиотик?

Масовната и некритична употреба на антибиотици предизвика сериозен проблем кој секој ден станува се поголем .Тешко е да се избегне, но превентивното давање на антибиотици не значи дека ќе превенира појава на компликации.Тие ќе се случат и без антибиотик.Се повеќе се зголемува отпорноста и неосетливоста на бактериите на делување на антибиотикот, при што се јавуваат несакани дејства како алергии, пореметување на цревната флора,дијара, болка во стомак, мачнина. Затоа е потребно да се подигне здравствената едукација на населението дека за некои симптоми кои не се болест како настинка, кашлица, течење на нос, кивање, болка во грло, да не се посегнува по антибиотик.

Доктори.мк: Кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат матичните лекари во секојдневната пракса?

Дијагнозата се поставува врз основа на општ прелед на пациент. Во наши услови релативно ретко се користат дополнителни тестови освен крвна слика и микробиолошки испитувања за кои се чека по неколку дена, така да не помага во одлуката дали станува збор за бактериско или вирусно заболување.

Доктори.мк:  И за крај, што би им препорачале на нашите читатели но, и на идните лекари?

Неделата на имунизација е повод да се насочи вниманието и одговорноста на родителите и здравствените работницикон оваа значајна мерка на превенција,затоа што ниеден детски живот не смее да биде загрозен од болести кои можат да се спречат со имунизација.

Доктори.мк: Доктор Елена, Ви се заблагодаруваме на одвоеното време, Ви посакуваме многу здравје и успешна кариера понатаму.

 

Д-р Елена Вучковска Јосимовска
ПЗУ Д-р Трајче ЕВ Крива Паланка

www.doktori.mk, 26.04.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина