Неколку совети како да се ослободите од херпесот на усните

студент на медицина

Веројатно секој од нас барем еднаш се соочил со црвена набрана кожа на устата, пецкање, чешање, појава на болни меурчиња кои на крајот пукаат при што се создаваат жолти красти, а потоа и рани кои  зараснуваат за околу 7-10 дена.

Во главата веднаш ви се јавува прашањето: Како да се ослободам ?

Постојат повеќе начини за остранување на херпесот, најчест медицински избор е ацикловирот (во форма на маст), но ние ви нудиме природи рецепти со кои би се спасиле од оваа непријатна појава.

Кујнска сол

Брзо лечење на херпесот го овзможува токму кујнската сол која е неопходна намирница и ја има во секој дом. Многу мала количина на сол треба да се стави на зафатеното подрачје и  да се повтори неколку пати во текот на денот.

Прополис

Една капка прополис одлично ја суши и ја дезинфицира раната. Се нанесува обилно на зафатеното место 3 -4 пати на ден.

Етерично масло од чајно дрво

Се препорачува нанесување на секои 2 саати. Можно е да се јави благо пецкање, но после два дена ќе заборавите на овој проблем.

Лук

Сите сме слушнале за благотворното дејство на лукот, кој се користи кај различни болести, без исклучок и во лекување на херпесот. Лукот претставува одлично антивирусно средство.

Алое вера

Обидете се овој проблем да го решите и со алое вера, со нанесување на самата лузна.

Дознајте повеќе за Марија Станковска > > >

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

www.doktori.mk, 22.04.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина