Габични инфекции на ноктите и стапалата - Интервју со д-р Марина Пешевска

Интервју со д-р Марина Пешевска во врска со габични инфекции на ноктите и стапалата, како чест проблем меѓу луѓето. Прочитајте повеќе ...

1. Докторке, за првпат во Македонија се отвара 101 FOOT CLINIC – клиника за дијагностицирање и лекување на заболувања на нокти, кожни заболувања на стапала и дланки. Од каде идејата за една ваква клиника?

Токму така, ова е прва клиника од ваков тип, специјализирана за дијагностика и лекување на заболувања на дланки и стапала, а идејата произлезе токму од потребата за ваква установа, бидејки многу малку се обрнува внимние на овој вид на здравствени проблеми.

2. Кои се најчестите здравствени проблеми на дланки и стапала?

Најголем процент односно 50% од сите заболувања на ноктите отпаѓа на габичните инфецкии на ноктите (онихомикозите), потоа враснување на ноктите е исто така чест поблем, следуваат останатите промени во текстура и квалитет предизвикани од други заболувања како што се псоријазата и лихенот иако истите се поретки. Од заболувањата на кожата исто така најчести се габичните инфекции, како што е атлетското стапало.

 3. Дали  габичните заболувања на ноктите се  чест здравствен проблем? Што е најчесто  причинител за појава на ваквите заболувања на  ноктите? И кај која старосна група највеќе се  среќаваат?

 Да, многу чест  проблем, како што веќе кажав  особено ноктите на нозете се подложни на  габични инфекции. Најчести причинители на  габичните инфекции се дерматофитите во околу    83% од случаите, недерматофитите во околу 15%,  останатите ги предизвикуваат квасници. Нема  некоја старосна возраст, меѓутоа почесто се    јавуваат кај повозрасни лица.

 4. Како ги дијагностицирате овие заболувања  и  какви терапии применувате во вашата клиника  за третирање на заболувањата на ноктите?  Колку тие се успешни и ефикасни?

 За дијагностицирање меѓу другото користиме  најсовремен дерматоскоп со кој правиме  онихоскопија на ноктот и на кожата на стапалата,  која ни помага дифернцијално дијгностички да ги  разграничиме промените. По потреба може да се  направи и микроскопска дијагностика. Третманот зависи од состојбата на ноктите, но секако пристапот секогаш е локален, без примена на орална терапија, бидејќи најновите клинички студии потврдуваат многу негативни нус ефекти на оралната терапија а слаби резултати. Затоа ние се одлучивме за ефиаксни и докажани локални препарати кои немаат никаков негативен ефект врз човековото здравје. Во секој случај, планот за терапија кај секој поединичен проблем е различен и се работи според однапред утврден протокол кој строго го почитуваме заради добивање на успешни резултати.  

5. Кои се најчести кожни заболувања на стапалата и дали постои ризична група која најмногу страда од овој тип на заболувања?

Најчесто заболување на кожата на стапалата претставува таканареченото Атлетско стапало (Tinea pedis) кое претставува габична инфекција на кожата на нозете, која најчесто започнува  меѓу прстите на нозете, а потоа може да се прошири по целото стапало. Почесто се јавува луѓе на кои им се потат нозете, како што се спортистите, кои всушност најмногу страдаат од овој тип на инфекција. Атлетското стапало може да се манифестира како мацерација на кожата меѓу прстите, хронична сувост на кожата, црвен осип и перутање на кожата.

6. Дали вашата клиника применува медицински докажани препарати и третмани? Како потенцијалните пациенти да се сигурни во ефикасноста на вашите терапии и третмани?

101 FOOT клиниката во својот концепт на третирање на проблемите со нокти и кожа на стaпала и дланки го применуваме уникатниот спој на современиот револуционерен пробив во европската медицина - Pythium oligandrum (интелигентни био микроорганизми), надополнет со модерната и иновативна Американска ласерска технологија. Спроведените медицински истражувања преку користење на лабораториски тестови, практично тестирање на пациенти во различни болници, клиники и дерматолошки ординации под надзор на водечки чешки лекари, микробиолози и дерматолози покажа дека Pythium oligandrum микроорганизмот има огромна ефикасност во третирање на десетици форми на проблеми и болести на ноктите, кожата и целото човечко тело. Ги користиме најсовремените aмерикански ласерски технологии и апарати за кои постои одобрение за користење и потврдена медицинско-научна и клиничка ефикасност против проблеми и болести на нокти и кожа на стaпала и дланки од страна на најпрестижната и најреспектирана светска здравствена институција – Американското биро за контрола на лекови (FDA).

7. Кои би биле вашите општи совети кога се работи за здравјето на стапалата, нотките и дланките?

Превенција е многу важна дури и по излекувањето, бидејки кај голем дел од  луѓето овие инфекции се повторуваат. Затоа: избегнувајте постојани трауматски повреди на прстите на рацете, после туширање добро исушете ги нозете, особено меѓу прстите; секојдневно менувајте ги чорапите, носете комотни обувки изработени од природни материјали, избегнувајте синтетика; носете гумени апостолки кога користите јавни базени, тушеви, соблекувални.

www.doktori.mk, 17.04.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина