Доктори.мк | Фиброаденом на дојка | Fibroadenom-na-dojka | Портал за медицина и здравје

Фиброаденом на дојка

студент на медицина

Фиброаденомот е еден од најчестите бенигни тумори на млечната жлезда кај жените. Тој најчесто се јавува во репродуктивниот период на жената,обично пред  30тата година.

Причина за настанување

Фиброаденомот настанува заради долготрајно апсолутно или релативно зголемено ниво на естрогенот, кој води до пролиферација без притоа да се инволвира во ткивото на дојката. Го зголемува својот обем во периодот на менструланиот циклус и за време на бременост, а откако ке настапи менопауза се смалува или исчезнува.

Клиничка слика

Фиброаденомот претставува неопластичен раст составен од фиброзно и жлездено ткиво, а води потекло од специјализираната интралобуларна строма. Се јавува како дискретен, обично осамен и подвижен нодулус со дијаметар од 1 до 10цм. Поретко можат да се сретнат и мултипни тумори кои еднакво ретко можат да надминат дијаметар од 10цм (гигантски фиброаденом). Без оглед на големината тие се инкапсулирани па поради тоа тешко можат да продрат во околното ткиво. Делуваат така што вршат притисок на околното ткиво, без да ги оштетат околните ткивни структури. Фиброаденомот не метастазира. Многу мал процент од фиброаденомите можат да се претворат во малигни (доколку постои позитивна фамилијарна анамнеза), затоа обично редовно се пратат или пак се отстрануваат.

Дијагноза

Дијагнозата се поставува врз основа на добро земена анамнеза, клиничка слика, радиографија, патохистолошки наод преку биопсија.

Лекување

Лекувањето е хируршки. Кај особи полади од 25 годако туморот е до 1цм, не се препорачува хирушко отсранување. Промената се следи на секои 3 месеци. Понекогаш се случува спонтано да исчезне.

Самопрегледот на дојките е бесплатен, едноставен и ефикасен начин за контролирање на здравјето на дојките. Тој им помага на жените да научат како нормално изгледаат нивните гради и какви се на допир, за во случај да се појават било какви промени да можат веднаш да ги забележат.

Дознајте повеќе за Марија Станковска > > >

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 05.04.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина