Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките - Порака за спас на планетата земја

Вечерва во 20:30 часот со симболично исклчучување на светилките од еден час, ќе се прати порака за спас на планетата земја. Доктори.мк во поддршка на денот на планетата земја. Приклучи се и ти!

По шести пат оваа година во 20:30 часот симболично ќе се исклучат светилките во над 8 000 градови ширум светот за испраќање на порака, за спас на планетата земја. Во кампањата македонските познати личности ги повикуваат граѓаните да ја употребат својата моќ и да ги исклучат светилките во период од еден час.

Поддршка на кампањата ќе и дадат познати личности од Македонија, како Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ и др.… Пријатели на акцијата се Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животната средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

ДОКТОРИ.МК ДАВА ПОДДРШКА НА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА. ПРИКЛУЧИ СЕ И ТИ!

www.doktori.mk, 28.03.2015

Последна вест

Најчитани статии - животен стил