Од ноќеска започнува летното сметање на времето

Од ноќеска, недела, 29 март 2015 година започнува летното сметање на времето. Ова значи дека ноќеска во 2 часот, стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред и ќе се смета 3 часот.

Овој систем е предложен во 1905-та година од страна на Вилијам Вилет, и до ден денеска активно се применува. Летното сметање на времето започнува во последната недела на март, а завршува во првата недела на октомври што не е случај во САД, каде што летното сметање на времето започнува втората недела на март, а завршува првата недела на ноември.

Според експертите оваа промена на времето се прави поради заштеда на дневна светлина, електрична енергија и нафта. Сепак според многу научници ова поместување на времето треба дополнително да се испитува бидејќи според медицинските експерти, влијае на нормалиот биоритам на организмот, создавајќи дополнителен стрес.

www.doktori.mk, 28.03.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина