Доктори.мк | Хемолитичка анемија кај новородено предизвикана од Rh некомпатибилност со мајката | hemoliticka-anemija-kaj-novorodeno-predizvikana-od-Rh-nekompatibilnost-so-majkata | Портал за медицина и здравје

Хемолитичка анемија кај новородено предизвикана од Rh некомпатибилност со мајката

студент на медицина

Хемолитичка анемија на новороденче е појава при која еритроцитите  на бебето кое е Rh позитивно се нападнати од страна на мајката која е Rh негативна. Мајката развила антитела против Rh факторот и ги напаѓа еритроцитите на бебето како што би ги нападнала сите други страни агенси. Оваа болест најчесто е застапена при втората и понатамошните бремености и доколку не се лекува, може да да го загрози животот на бебето. Ова хемолитичко заболување настанува кога ќе се зачне плод, помеѓу Рх позитивен татко и Рх негативна мајка.

Како се дијагностицира ?

Со земање на крв од мајката може да се одреди дали таа има антитела против Rh факторот од претходната бременост. Потребно е нивото на антитела кај мајката постојано да биде проверувано за да се детектира евентуален пораст. Доколку има голем пораст, лекарот може да препорача и тестирање на крвта на фетусот.

Симптоми

Бебињата со оваа болест најчесто се бледи и имаат отоци. Можно е да имаат зголемена слезена или црн дроб. Исто така, може да се јави и акумулација на флуиди на места каде што тие нормално не се застапени. Крвната слика покажува анемија, односно намален број на црвени крвни клетки.

Лекување

Rh имуноглобулинот се дава на мајката во текот на бременоста во 28 гестациска недела. По раѓањето, крвта на новороденчето се заменува со Rh негативна крв. Оваа постапка може да се повтори неколку пати. Но, со соодветен пренатален и постнатален третман, не се јавуваат компликации во животот на бебето.

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 
www.doktori.mk, 02.03.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина