МОМС со јавен конкурс за активно членство

Членството во МОМС го обележува студентот како еден од оние потенцијални студенти кој ќе се залага за истакнување на пософистицирано глобално здравје, ќе ги збогатува своите знаења, вештини, способности користејќи ги сите организирани работилници, трибини, семинари, предавања, конгреси итн.


Активен член на МОМС ќе претставува секој оној студент кој ќе присуствува на состаноците организирани во својот локален клуб, активно се занимава со подигање на организацијата на повисоко ниво и организира или присуствува на настаните организирани од истата организација. Македонската Организација на Медицински Студенти има потреба од студенти кои ќе бидат задолжени за функционирањето по сектори. Под структурата на МОМС спаѓаат секторите:

  •  Сектор по Јавно Здравје

  •  Сектор за борба против ХИВ / СИДА

  •  Сектор за борба против Алкохолизам и дрога

  •  Сектор за Хумани права и Мир

  • Сектор за Медицинска Едукација

  •  Сектор за Електронско Здравство (само за студенти по информатика)

  •  Сектор за Здравствен Менаџмент (само за студенти по економски науки)

Секој студент од кој било локален клуб на МОМС (Штип, Битола, Тетово, Скопје) кој сака да добие активно членство е потребно да испрати мини CV на маилот: moms333@icloud.com
Секој студент од кој било локален клуб на МОМС кој сака да аплицира за национален офицер во кој било од секторите мора да испрати подетално CV на истиот маил со претходни искуства од областа на секторот во кој аплицира.



Член на МОМС може да биде секој студент во Република Македонија кој има интерес да биде дел од една позабавна и поквалитетна студентска организација без разлика на насоката која ја студира, полот, државјанството и староста.

www.doktori.mk, 26.02.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина