Што е биполарно растројство на расположението?

студент по медицина

Биполарно растројство е вид на депресивно расположение кое во минатото беше познато под името манично однесување. Лицата искусуваат преголеми промени, од депресија и тага до занес и возбуда.

Симптоми

Депресија– е главно нарушување кое се карактеризира со :

  • Губење на интерес и задоволство во активности кои претходно носеле задоволство.

  • Избегнување на друштвени збидување

  • Губење на концетрација,преголем умор и чувства на вина и безвредност.

  • Појава на лажни верувања (делузии) кај некои луѓе.

  • Овие лица се изложени на зголемен ризик од самоубиство.

Манија –  најсериозна состојба на преголема емотивна возбуденост и хиперактивност.

Вообичаените симптоми  на манија се јавуваат со различен интензитет :

  • Зголемено расположение,енергија и хиперактивност. Овие лица  често опишуваат дека се семоќни.
  • Намалена потреба за спиење
  • Избувливост  - лицето може да им се лути и да се нервира со луѓето кои не ги прифаќаат неговите планови и идеи кои понекогаш не се реални.
  • Зголема брзина на мислата и говорот.

  • Непромисленост – таа се јавува како резултат на намалената способност на лицето да ги предвиди последиците на неговото однесување.

  • Преамбициозни планови и идеи.

  • Намалена проникливост – тие може да не  бидат во состојба  да препознаваат дека нивното однесување е несоодветно.

  • Манијата се дијагностицира кога симптомите се присутни една недела или подолг временски период

·         Хипоманија –  е помалку сериозна и  може да трае пократок временски период. 

  • Нормално однесување –повеќето луѓе имаат нормално расположение меѓу епизодите на манија и депресија.Тие се способни да водат продуктивен живот и да ги извршуваат домашните и работните обврски.

Причини

  • Генетски фактор

  • Биохемиски фактори – се смета дека манијата, исто како и депресијата, делумно ја предизвикува хемиската неурамнотеженост во мозокот.

  • Стрес

Лекување

  • Антидепресиви – може да ги намалат депресивните чувства и да ја намалат вознемиреноста.Тие не создаваат зависност и постепено ги враќаат невротрансмитерите во мозокот во рамнотежа и потребно е да поминат една до четири недели за тие да можат ефективно да делуваат.

  • Некои лекарства се користат како превентивни мерки затоа што тие помагаат да се контролира менливото расположение и да се намалат зачестеноста и сериозноста на депресивните и маничните фази.

  • Третман со литиум – може да започне веднаш кога дијагнозата на манија е потврдена. 80 % од пациентите се чувствуваат подобро за 2-3 недели. Меѓутоа пред да се почне со третманот треба да се направат следниве испитувања :

  • Седиментација на еритроцити

  • Крвна слика ( литиум често предизвикува бенигни леукоцитози)

  • Антипсихотичниот третман може да се прекине кога ефектите од литиумот ќе станат сосема видливи.

Психолошките интервенции може да бидат важен дел од лекувањето. Терапиите како што е когнитивната бихевиористичка терапија имаат за цел да го променат начинот на размислување,однесувањето и верувањата кои придонесуваат кон појавата на болест. Поддршката и подучувањето, како и подоброто разбирање од заедницата, претставуваат важен дел одлекувањето.

 

дознајте повеќе за авторот -  Христина Влавческа

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

 

www.doktori.mk, 08.02.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина