Доктори.мк | Моноклоналните антитела во фармацевтските препарати | Monoklonalni-antitela-vo-farmacevtski-preparati | Портал за медицина и здравје

Моноклоналните антитела во фармацевтските препарати

студент по фармација

Патогени бактерии, вируси и други инфективни агенси се супстанции кои се туѓи за организмот и се познати како антигени. Сосема различно од нив антителата се протеини кои всушност ги препознаваат и уништуваат тие страни тела за организмот. Моноклоналните антитела се лабораториски добиени молекули , дизајнирани за да се поврзуваат со специфични делови од клетките и на тој начин да ја исполнат улогата на антителата кои имуниот систем ги создава како одговор на напади од бактерии и други патогени агенси. Со право може да се каже дека преставуваат една третина од сите биотехнолошки продукти кои бележат најдинамичен развој.

 Моноклоналните антитела (mAbs) се моноспецифични антитела кои се исти затоа што се направени од страна на идентични имунолошките клетки, кои се сите клонови на единствената родител клетка, за разлика од поликлоналните антитела кои се направени од неколку различни имунолошки клетки. Моноклоналните антитела имаат моновалентен афинитет, во тоа што тие се врзуваат за истиот епитоп ( антигенска детерминанта - дел од антигенот која стапува во реакција со антителото). Овие антитела  се произведени од страна на имунолошкиот систем на телото со цел специфични познавања и отстранувања на туѓи тела. Предноста на mAbs се однесува на нивната  високо селективна врзувачка моќ кон само една антигенска детерминанта. Како резултат на тоа mAbs во форма на лек се поврзуваат со развојот и создавањето на нови начини на лекување и дијагностицирање на неизлечливи болести  и детерминирање на исклучиво ниски концентрации на протеини, во третман на лекување на инфекција и канцер.

Производство на моноклонални антитела

Методот на производство на моноклоналните антитела се базира на  хибридизација на соматска клетка.Моноклоналните антитела се произведени од страна на клеточни линии или клонови добиени од имунизирани животни со супстанцијата што се испитува.Клеточнителинии се произведени со спојување антитела продуцирани од Б клетки од имунизираните животни со миелом клеткитет.е. канцер клетките кои се произведуваат.Постојат два начина на добивање на моноклонални антитела :Ин- виво метод и Ин- витро метод . Суштината на производството на моноклоналните антитела се состои во следново : нормалнитеантитела продуцирани од Б клетките  се спојуваат  со канцер клетките и се овозможува растењена хибридни клетки (хибридома) во епрувета. Неспоените  клетки изумираат, канцер клетките селективно се уништуваат со антитуморен лек ( аминоптерин) ,додека хибридома клетките продолжуваат да растат.Потоа секоја хибридома клетка се внесува во посебна комора за раст со што се овозможува понатамошното размножување. На крај секоја клетка и нејзините клонови добиени во комората за раст создаваат антитела кон само еден антиген, на тој начин настануваат моноклоналните антитела.

Еден проблем при  медицинските апликации е дека стандардната процедура за производство на моноклонални антитела дава  глувчешки антитела. Човечкиот имунолошки систем ги препознава како туѓи и  потоа брзо почнува процес на нивно отстранување и со тоа  се предизвикува системски инфламаторни ефекти. Решението за овој проблем се согледува во генетскиот инжењеринг односно во тоа да се заменат некои делови од вака добиените глувчешки антитела со човечки делови или да се генерираат човечки антитела директно од луѓето.Во зависност од тоа колкав е процентотна човечки делови во  моноклоналните антитела,  се наречени хуманизирани антитела.Хуманизираните антитела се произведени со заменување на глувчешкиот Fc регион со соодветен човечки еквивалент. Хуманизираните антитела содржат само хиперваријабилен глувчешки  регион додека остатокот од молекулата е од хумано потекло.Односно со напредокот на рекомбинантната ДНА технологија, добиени се следниве видови :

  • химерични mAbs– 75% слични со хуманите

  • хуманизирани mAbs - < 90 % слични со хуманите

  • хумани mAbs – идентични со оние антитела кои ги продуцира имуниот систем на човек

Примена на моноклонални антитела во третман и дијагностицирање

  • Дијагностичка слика

-mАbs може да се користат заедно со радиоактивни маркери за да се лоцира и визуелизира локацијата, степенот и големината на различни тумори

  • Терапија на канцер

  • Терапија на автоимуни заболувања

  • Моноклонални антитела против отфрлање на трансплатант

Предности на моноклонални антитела

  • Поголема специфичност во однос на поликлоналните антитела бидејќки mАbs се препарати кои содржаат многу копии од едно антитело и затоа ќе детектира и ќе се врзува за еден тип на антиген .

  • Високо ефикасни

  • Репродуцибира резултати кои се високо специфични

  • Високо селективни поради нивната градба

  • Чистотата на овие препарати ги прави да се  многу користени

Фармацевтски препарати со Моноклонални антитела

  • Моноклонални антитела за терапија на канцер

  • RITUXIMAB – химерно моноклонално антитела.Прво моноклонално антитело одобрено за терапевтска употреба.Претставува моноклонално антитело кое е специфично за ЦД- 20 антигенот, експримиран на површината на нормални и малигни хумани Б-лимфоцити. Се користи во терапија на Non – Hodgkin лимфом и лимфоцитна леукемија.Во Македонија рутиксимабот е регистриран под името MABTHERA – концентрат за раствор за инфузии 500mg/50ml и 100mg/10ml .

  • TRASTUZUMAB – моноклонално антитело специфично за класа 2 на рецепторот на човечкиот епидермален фактор на раст ( HER2 ). Антителото е модифицирано со помош на генетски инженеринг, при што се вметнати аминокиселинкси секвенци на човечки  IgG1 во имуноглобулинскиот молекул.Се користи во третман на карцином на дојките со метастази во случаи кога клетките на туморот имаат силна експресија на HER2 протеинот. Во Македонија transtuzumab  е региструиран под името HERCEPTIN –прашок за концентрат за раствор за инфузија 150mg.

  • ALEMTUZUMAB – се користи во третман на хронична лимфоцитна леукемија, резистентна на другите цитостатици. Регистриран во Македонија под името MABCAMPATH.

  • Моноклонални антитела за терапија на автоимуни заболувања

  • TOCILIZUMAB– хуманизирано моноклонално антитело, кое се користи во терапија на системски јувенилен идиопатски артритис и ревматски артритис.Регистриран е во Македонија под името ACTEMRA –концентрат за раствор за инфузија 80mg/4ml , 200mg/10ml и 400mg/20ml.

  • ADALIMUMAB – прво комплетно хумано моноклонално антитело одобрено од FDA. Се користи во терапија на ревматски артритис,псоријазен артритис, анксиолизирачки спондилитис и  Chron – ова болест. Во Македонија е регистриран под името HUMIRA, раствор за инјектирање наполнет инјекциски шприц 40 mg/0,8 ml.

  • Моноклонални антитела против отфрлање на трансплантант

  • DACILIZUMAB – хуманизирано моноклонално антитело кое ја инхибира пролиферацијата на Т-лимфоцитите и на тој начин го спречува отфрлувањето на трансплатиран орган или ткиво.Dacilizumab во Македонија е регистриран како ZENAPAX, концентрат за раствор за инфузија  25 mg/5 ml.

www.doktori.mk, 19.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина