Доктори.мк | Ако веќе не можете да ги откажете цигарите, барем користете ги следниве витамини | Ako-veke-ne-mozete-da-gi-otkazete-cigarite-barem-koristete-gi-slednive-vitamini | Портал за медицина и здравје

Ако веќе не можете да ги откажете цигарите, барем користете ги следниве витамини

студент по медицина

Никој со сигурност не знае кои состојки од цигарите точно причинуваат болест, но со сигурност се знае дека цигарите предизвикуваат болест. Многу докази ширум светот ни укажуваат дека токму пушењето цигари е главен  ризик фактор за настанување на: рак на бели дробови, хроничен бронхитис, белодробен емфизем, опструктивни промени на периферните крвни садови ,рак на јазикот, ларинксот ,панкреас и многу други. Иако штетното дејство од цигарите не може во целост да се отстрани сепак за да се ублажи нивното дејство на зависниците од цигари им се препорачуваат следниве витамини

Како да ви останаат артериите слободни со помош на витамин Е

Цигарите заедно со никотинот како нивна состојка се оние кои што можаат да предизвикаат артериосклероза, па не е ни чудо што секој час умира пушач првенствено од артериосклероза.Никотинот е оној кој што е одговорен за сево ова.Тој го забрзува насобирањето на крвни зрнца кој што ги исполнуваат артериите. Ако никотинот е оној лошиот, витаминот Е е негов голем противник.Многу научни испитување докажале дека токму витаминот Е е оној кој што е анатагонист на никотинот и го спречува насобирањето на крвните плочки и ја спречува облитерацијата на луменот на артериите. Според тоа ако веќе сте одлучиле да пушите и за да ги заштитите вашите артерии а и самите себе започнете да конзумирате витамин Е.

Витамин Ц е многу добра заштита

Освен никотинот во целата оваа приказна потрбно е да се обрне вниманиее на јаглеродниот моноксид и некоговото оптоварувачно дејство кон срцето а и исто така и афинитетот на хемоглобинот го праваат овој случај уште по опасен. Хемоглобинот имаа 200 пати поголем афинитет кон јаглеродниот моноксид отколку за кислород што наместо со кислород ткивата ги снабдува со јаглероден моноксид. Кај пушачите оваа појави ги дава следниве симптоми:краток здив, замор особено при качување по скали , пешањето и сето останато.Антагонист  на сето ова е витаминот Ц, кој врши неутрализација на отровните состојки од цигарите.Успешно ја стимулира детоксикацијата на канцерогената супстанца во цигарите а тоа е benzpirin. Витаминот Ц ја подобрува хидроксилацијата ( детоксикацијата ) на оваа канцерогена супстанца во хепарот.Освен горенаведените отровни супстанци тука има важен удел и ацеталалдехидот, каде што антагонист на ова отровно сооединаниее е комбинација од витамините Ц и Б1(тиамин) и аминокиселината цистеин. Витамините може да ги набавите додека за да се збогатите со аминокиселината цистеин потребно е да конзумирате ореви, јајца, соини зрнца, и пивски квасец.

И покрај се горенаведено и покрај сите заштитни мерки препорачани, за сите пушачи потребно е да се откажаат од нивниот порок да имаат силна верба во себе и желба да престанат сепак нивното здравје е пред се.

 

дознајте повеќе за авторот -  Теодора Андреевска

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 07.07.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина