Доктори.мк | Говорот на усните | Govorot-na-usnite | Портал за медицина и здравје

Говорот на усните

доктор по стоматологија

Усните можат многу да “кажат”за човекот: за неговиот карактер, расположението, годините па дури и за здравјето.

Усните се многу чувствителни благодарение на присуството на големиот број нервни завршетоци. Се смета дека идеален облик е кога усните не се премногу дебели ни премногу тенки, кога на горната усна убаво е изразен “аморовиот лак”, а во централниот дел имаат умерена задебеленост, природна чиста контура и умерено розева боја. Се смета дека тенките усни се знак за енергичен, но скриен и лош карактер. Луѓето со широки и дебели усни обично имаат мирен карактер. Мала уста и задебелени усни се својствени за префинети и сензуални луѓе, а цврсто збиени усни со спуштени агли надолу, се среќаваат кај песимистите.

 Усните со годините се менуваат, ја губат природната боја и околу устата се појавуваат брчки. Може да се одложи појавата на овој за некои “тажен момент”. Но за тоа треба да се вложи многу труд. Секој ден усните треба да се масираат со маст за усни, а навечер после миење на забите, усните треба да се измасираат со измиена четка за заби. Тоа ја поттикнува циркулацијата во усните и ја одржува нивната природна свежина. Усните обично се “сушат”и ”пукаат”на ладно време бидејќи студот ја спречува нормалната циркулација во нив. Затоа најдобро е да употреби маст за усни кој создава заштитен слој кој не дозволува тие премногу да се изладат и помага да се сочува нивната влажност. Нивната состојба зависи и од други фактори: од сончевите зраци и ветерот, недостатокот на витамини во организмот, особено Витамин А, Б и Ц, но и од креми со лош квалитет.

Промените на усните во нивниот изглед ( боја, големина) се показател за нарушување на здравјето на човекот. Доколку на усните се појават пукнатини, аглите од усните станат зацрвенети, со возраста се задебели долната усна, тоа се сигурни показатели на хронична патологија на органите од желудочно-цревниот тракт. За вакви случаи, неопходно е да се побара мислење од лекар.

 

автор: д-р Кристина И. Стојаноска Алоска >>>   

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

           

www.doktori.mk, 25.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија