Доктори.мк | Магична комбинација: Дајкон и морков | Magicna-kombinacija-Dajkon-i-morkov | Портал за медицина и здравје

Магична комбинација: Дајкон и морков

дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика, специјализиран за санитарна хемија

Постојат повеќе начини за детоксикација на организмот, враќање на изгубенатаенергија, подобрување на метаболизмот и зајакнување на имунитетот. Најдобро нешто е да се комбинира дајкон и морков. Оваа комбинација ќе го забрза процесот на топење на маснотиитеи ќе го поттикне вашиот организам на елиминирање на заостанатите токсини од телото.

Дајконот или јапонската ротквица е богат извор на витамин Ц, бета-каротин, калциум, калиум и железо. Во својот состав вклучува многу фруктоза, скробни состојки, пектин и целулоза, кои го помагаат процесот на варење на храната. Корисен е за дијабетичари, а докажано помага при лекување на анемија, атеросклероза, срцев и мозочен удар.

Морковот е одличен извор на бета каротин, растителни влакна, витамин Ц, витамин А, железо, глутамин, галактан, пентозан, инозитол, калиум, калциум, пектин, етерични масла, фитостерин, аспарагин,  шеќер, скроб, целулоза, белковини и други хранливи и лековити состојки.  Се препорачува во лекување на анемија, кожни заболувања, остеопороза, макуларна дегенерација, зголемен холестерол, шеќерна болест, итн

Подготовка на мешавина од дајкон и морков:

Се ренда 1/2 филџан дајкон и 1/2 филџан морков.

Додаваме 2 филџани вода и оставаме да  се вари на оган 2 до 3 минути.

Откако ќе омекне смесата додаваме неколку капки сос од соја.

Се препорачува оваа мешавина да не се конзумира повеќе од 10 дена континуирано.

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 08.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана