Пробиотици и орално здравје

доктор по стоматологија

До пред неколку години многу малку се спомнуваше за позитивното дејство на бактериите и за нивното значење по здравјето на човекот. Но, откако се појавија пробиотските производи, се се промени. Денес сите знаат дека “ добрите ”бактерии даваат позитивна корист врз нашиот организам кога се употребуваат во одредени количини и ја подобруваат состојбата во организмот кога се урамнотежени со “лошите” бактерии.

Направени се многубројни студии кои само го потврдуваат позитивното влијание на пробиотиците врз имунолошкиот состав, а последниве години истражувањата го потврдуваат и позитивното влијание врз гингивата и оралното здравје воопшто. Утврдено е дека пробиотската култура Lactobacillus casei  влијае врз имунолошкиот состав, го подобрува здравјето на гингивата и ги намалува симптомите на заболувањата како што е гингивитисот. Се смета дека оваа пробиотска култура има дирекно влијание на бактериската флора во усната шуплина. Позитивно влијание врз оралното здравје е докажано и од употребата на пробиотската култура  Lactobacillus reuteri prodentis.

Досега пробиотиците најмногу се користеа како функционални производи додадени во млеко, јогурт, детска храна, житарки и диететски додатоци. Пред неколку години од природна пробиотска култура на млечна киселина е направена паста за заби со пробиотска активна база која помага во спречување на кариесот предизвикан од бактеријата Streptococcus mutansи создавање наслаги на забите. Ваквата пробиотска паста за заби ја зајакнува забната глеѓ. Онаа пробиотички активна супстанца што во себе ја содржи ваквата паста за заби реагира исклучиво на бактеријата која е причинител за појавата на кариес, а не ја нарушува рамнотежата на останатите микроорганизми во устата.

 

автор: д-р Кристина И. Стојаноска Алоска >>>   

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 06.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија