Исхрана, лекови и штетни навики кај леунката

студент по медицина

Леунката треба постојано да зема свежа, разновидна храна, која во првите денови по порудувањето треба да биде течна и кашеста. Исхраната да е богата со млеко и млечни производи, особено младо сирење, црн леб, ‘ржан леб, свежо овошје, сокови и компоти, зеленчук, разни супи и чорби. Од свежо месо може да се користи јагнешко, телешко, пилешко и незачинета риба.

Во текот на периодот на доењето (lactatio), леунката треба да внесува поголеми количества течност и по една таблета флуор (F- 1 mg. дневно) за заштита од кариес на забите.

Јадења приготвени со јаки зачини, пикантни, старо и солено месо (пастрма), сувомесни конзервирани производи и големо количество на тестенини и јагленихидрати треба да се избегнвуаат што повеќе во исхраната на леунката. Тие сосема го менуваат квалитетот на мајчиното млеко, ја зголемуваат тежината на мајката и штетно дејствуваат на нејзиното сопствено здравје.

Пушењето, алкохолот, дрогата и прекумерна примена на лекови (неординирани од лекар, земани на своја волја), се особено штетни по здравјето на леункатаи на нејзиното новородено. За време на доењето е потребна претпазливост при употреба на некои фармако соединенија (лекови, стероиди, ензими, витамини) кои се излачуваат преку мајчиното млеко, а истите се штетни за здравјето на детето. Мајката единствено може да ги користи лековите ординирани со терапија од лекар!

Лачење на млекото и доење

Дојките се зголемуваат, бидејќи ја преземаат улогата за исхрана на доенчето. Тие набркнуваат, отврднуваат и леунката чувствува топлина и надоаѓање на млекото.Од нив во првите 2-3 дена по породувањето се излачува жолтеникава, густа течност, која содржи голема концентрација на заштитни материи, фактори на растење и поамга при празнење на првата столица на новороденчето. Дури после 3-4 дена започнува пообилно лачење на млекото, кое во периодот на леунство преминува во зрело млеко. Најдобар поттик за лачење на млекото е празнење на дојките. Надразнување на брадавиците и ареолите (areoles) преку цицање и измолзување по секој подој ја одржува млечноста на дојката (mamma).                

За што поуспешно доење, посебно место зазема хигиената на дојките. Миењето на дојките и брадавиците се врши пред и по секое доење. По подјот, тие треба добро да се исушат и покријат со сува стерилна газа (влошки за гради). Градникот треба да биде еден до два броја поголем и треба да се менува често. Лошата хигиена на дојките и честите и подолготрајни (беспотребни) доења доведуваат до оштетување и пукање на кожичката на градите (рагади). Тие се многу болни, особено кога детето цица и преку нив можат да се навлезат бактерии и да предизвикаат воспаление на дојката (mastitis) Таа станува црвена, отечена и болна и ако не се лекува може да доведе до гнојно воспалување. За време на гнојната колекција мора да се прекине под итно со доењето од болната дојка. Млекото мора да се измолзува. Измолзувањето треба да се стартува со блага масажа на набрекнатата дојка за да таа омекне и млекото дојде во изводните млечни канали. По измолзувањето, брадавиците треба да се исплакнат со млака вода и добро да се исушат. Ако се појави треска со покачена телесна температура, леунката треба да се јави на лекар. Секоја здрава жена нема оправдана причина да не го дои своето бебе, бидејќи само 1% од жените не се во можност да дојат. Успешното доење зависи исклучиво од мајката, односно од нејзиното правилно однесување во овој животен период-правилна нега и исхрана, рано започнување со доење, правилно положба на мајката и детето при доењето, доење на секој захтев на детето, одбегување на давање на вода и други течности преку цуцли.

Посебни напомени

Првата менстурација, ако жената дои се јавува после 3-4 месеци, но може и подоцна или порано. Полови односи (интимни односи) леунката може да има веќе 6-8 недели по породувањето. Доењето не ја чува жената од забременување. Таа може да забремени и пред да ја добие првата менструација по породувањето. За контрацепција, леунката треба да користи презерватив (најчесто кондом, или хормонски пилули). Два месеци по породувањето, може да се стави и влошка во матката, иако не ја добила сеуште правата менструација (по породвуањето се мисли). Хормонските инјекции можат да се користат веднаш по партусот.

Хормонските таблетки може да се употребуваат дури по половина година од породувањето. Сепак и хормонските таблетки и инјекции исклучиво ги ординира лекар-сци.гинеколог-акушер и треба се користат по добивање на 2-3 менструации и тоа по совет и препорака на гинекологот. Првите денови по породувањето и доаѓањето дома, леунката и новороденчето ги посетува лекар и патронажна сестра. Тие со своите совети и практични упатства помагаат да се зачува и унапреди здравјето на мајката и здравјето на новороденчето.

По изминатите шест недели од породувањето треба да се контролира здравјето на мајката во советувалиште за жени каде што мајката може да се здобие со практични и применувачки совети за несакан и неконтролирана (непланирана) бременост. Секоја појава на болка, посилна хеморагија, фебрис, или некои други потешкотии се аларм за барање стручна помош од лекар специјалист гинеколог-акушер. Истовремено, здравјето на забите контролирајте го редовно кај вашиот матичен стоматолог.

 

дознајте повеќе за Мартин Ангелов

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 22.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина