Доктори.мк | Енергетските пијалоци и забите | Energetskite-pijalozi-i-zabite | Портал за медицина и здравје

Енергетските пијалоци и забите

доктор по стоматологија

 

Пијалоците кои во себе содржат  големо количество на кофеин и шеќер, кои некои тинејџери ги консумираат наместо вода се 3 до 10 пати поштетни за забите отколку кока колата и слични на неа пијалоци. Лимонадата и енергетските пијалоци имаат најштетно влијание врз забите бидејќи содржат високо ниво на киселина кое може да ја уништи забната глеѓ.

Производителите на ваквите пијалоци во нив ставаат киселина да го намалат слаткиот вкус што е последица на високата количина на шеќер. Лименка со кола пијалок содржи 10 лажици шеќер. Киселината е таа која балансира и го прави пијалокот повкусен.

Ниско ph ниво значи висока киселост, а високото – ниска киселост. Кога ph факторот е понизок   од 4, се создава ситуација во која забите се оштетуваат. Сите енергетски пијалоци тестирани во една студија во Америка, покажале дека имаат 3.3 phниво или пониско. Некои спортски напитоци се уште полоши. Дури и виното е лошо бидејќи има ph 3.

Во продолжение Ви претставуваме неколку совети како да ја сочувате забната глеѓ од штетното влијание на енергетските и слични на нив пијалоци:

  • Најдобро е доколку консумирате вакви пијалоци тоа да го правите преку цевка која ќе ја поставите на задниот дел од усната празнина. Со тоа течноста нема да дојде во контакт со забите.

  • После пиење вакви пијалоци се препорачува устата да се исплакне со вода.

  • Ограничете го внесот на газирани и спортски (енергетски) напитоци.

Популарноста на ваквите пијалоци најмногу ја уживаат адолесцентите и младите луѓе. Нивните трајни заби се поподложни на нападот на киселината која ја има во безалкохолните пијалоци. Како резултат на тоа, постои висок потенцијал за зголемување на бројот на пациенти кои имаат проблеми со забите.

 

автор: д-р Кристина И. Стојаноска Алоска >>>   

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 21.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија