Ги охрабруваме сите наши фанови, наши читатели и сите оние кои можат да дадат било каков скромен придонес, да им се помогне на овие луѓе, финансиски или пак материјално со гардероба, храна или здрава вода за пиење, при што прироритет би требало да се даде на она што во вакви услови е најпотребно ...
Преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
Телефонско донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква
Плоштад Македонија – 12 часот
Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад
Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката)
Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови)
Битола – 12 часот, плоштад Магнолија
Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“
Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија
Да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно, само мал придонес може да помогне децата или бебињата да добијат навремен оброк и чиста и топла облека.
Живеј мудро, живеј здраво и хумано!
Контактирајте го нашиот тим