Гонореја - Клинички приказ на инфекција

студент по медицина

Гонореа, важен проблем на јавното здравство и втората најчеста претпознатлива болест, е пурулентна инфекција на мукозите предизвикана од грам негативен диплокок- Neisseria gonorrhoeae.

Иако гонореа се пренесува најчесто преку сексуален контакт,може истотака да се пренесува од мајчиниот генитален тракт кај новороденчето при породувањето, предизвикувајќи ophthalmia neonatorum и системска неонатална инфекција. Кај жената цервиксот е најчестото место засегнато од гонореа каде што предизвикува ендоцервицитис и уретритис, додека кај мажите предизвикува преден уретрит. Гонореа може да се проширува и низ целото тело за да предизвика локализирана или дисеминирана болест.

Најчесто со терминот гонореа се означува уретрит и /или цервицит кај сексуално активно лице. Гонококните инфекции кои се пренесуваат сексуално и преку перианална трансмисија, претставуваат голем извор на морбидитет. Во развиентиот свет, каде профилаксата за неонатална очна инфекција е стандардна, најголемиот дел од инфекциите се пренесуваат преку изложување на генитоуринарната мукоза.

Во педиатриската популација важноста на гонореа е трократна: 

  1. Како честа и превентабилна сексуално пренослива болест кај сексуално активнатаадолесцентната популација

  2. Како перинатална инфекција при породување

  3. При истражување на сексуална злоупотреба

Етиологија

Причинителот е Грам негативен интрацелуларен аеробен диплокок-гонокок. Многу фактори влијаат на вируленција и патогеноста на гонококот. Пилите помагаат во адхеренцијата за мукозните површини и се важни за резистенцијата со спречување на фагоцитозата од неутрофили. Гонококите се адхерираат за мукозните клетки на домаќиноти за време од 24-48 часа пенетрираат низ и помеѓу клетките во субепителниот простор. Типичен одговор на домаќинот се карактеризира со инвазија со неутрофили, следено со епителна десквамација, формирање на субмукозни абцеси и пурулентен секрет.

Ако не се третира, неутрофилите се заменуваат со макрофагна-лимфоцитна инфилтрација. Некои соеви предизикуваат асимптоматска инфекција што доведува до состојби на асимптоматичен носител кај двата пола. Способноста да растат во анаеробни услови, дозволува да гонококите кога се мешаат со рефлуксираната менструална крв или адхерираат за спермата, секундарно да ги инвадираат подолните генитални структури( вагина или цервикс) и да прогредираат кон горните генитални органи (ендометриум, салпингс, јајници)

СПИ- сескуално пренослива инфекција

Ризикот за пренос на инфекцијата од инфектирана жена кај уретрата на нејзиониот машки партнер е околу 20% при секој вагинален сексуален контакт и се зголемува до 60-80%  после 4 или повеќе изложувања. Во спротивно, ризикот за трансмисија од маж на жена е приближно 70 %  со секој следен контакт, со малку евиденција за зголемен ризик со повеќе сексуални изложувања .

Неонатална и педиатриска гонококна инфекција

Кај децата инфекцијата може да се случи поради сексуална злоупотреба од страна на инфицирано лице или преку несексуален контакт во домовите за деца или други институции.

Автоинокулација

Може да се случи кога човек допира инфицирано место од телото (генитален орган) и притоа ја допира кожата или мукозна површина.

Ризик фактори за гонореа:

  1. Сексуално изложување на инфициран партнер без бариерна заштита

  2. Повеќе сексуални партнери

  3. Машка хомосексуалност

  4. Низок социоекономски статус

  5. Историја на конкомитантна или претходна СПИ

  6. Размена на сексуални услуги за пари или користење на кокаин

  7. Сексуална активност во рана возраст

  8. Пелвична инфламаторна болест и користење на интраутерини средтсва.

Клиничка презентација

Местата на гонококна инфекција кај жената се ендоцервикс(80-90%), следено  со уретрата(80%), ректумот(40%) и фарингс (10-20%). Ако се равиваат симптомите, обично се манифестираат после 10 дена. Главни симптоми се вагинален секрет, дизурија, интерменструално крварење , диспареуниа (болен сексуален контакт) и лесна абдоминална болка. Кога цервицитот е асимптоматичен или непрепознаен, инфекцијата може да прогредира кон пелвична инфламаторна болест.

Кај мажите уретритот е главната манифестација. Почетните карактеристики вклучуваат пецкање при уринирање и истекување на серозен секрет. Неколку дена подоцна, секретот станува по пурулентен и профузен. Мажите и жените можат да манифестират и гонококна инфекција на фарингс(орогенитален контакт, ректум и очите(автоинокулација).

Кај новороденчињата коњуктивитот се манифестира со болка, црвенило и истекување на пурулентен секрет од очите.

Дисеминираната гонококна инфекција се манифестира класично со артритис-дерматитис синдром.

 

дознајте повеќе за Мартин Ангелов

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 02.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина