Витамин Ц - Kарактеристики и фармаколошка примена во секојдневието

студент по медицина

Витамин Ц е еден од најчесто испитуваните, докажуваните и употребуваните витамини. Широко распространет во храната, поконкретно во овошјето и зеленчукот. Уште е познат и како аскорбинска киселина. Неговото присуство се докажува со помош на калиум хексацијаноферат К3[Fe(CN)6], имено класифицирано како комплексно соединение.

Најкарактеристично и најсилно делува како антиоксиданс,дури и во ниски количини ги штити органите од штетното делување на слободните радикали,настанати при процесот на метаболизирање. Витамин Ц игра важна улога во синтезата на сврзното ткиво (колаген,коскена срж,мускули,крвни садови). Аскорбинската киселина е есенцијална за правилна функција на умонолошкиот систем. Најпознатата болест која настанува поради недостаток на витамин Ц е скорбутот.Затоа често се зема како сублимент во исхраната во вид на таблети и други препарати.

Витаминот Ц, уште наречен и аскорбинка киселина е еден од најчесто испитуваните,докажуваните и употребуваните витамини. Се растворува во вода (хидросолубилен) и најмногу е застапен во овошјето и зеленчукот. Тој е првиот синтетизиран витамин.    Витаминот Ц или аскорбинската киселина за првпат бил изолиран во 1928 година од кората на надбубрежните жлезди на заморчињата од страна на унгарскиот научник Алберт Сент Георги. Овој витамин има редукциони својства и учествува во многу биолошки процеси.Тој е најсилниот антиоксиданс меѓу витамините кои се растворливи во вода. Инаку, витаминот Ц е познат и по скорбутот, болест која настанува поради неговиот недостаток во организмот. Се манифестира со клатење и паѓање на забите(дедентиција),крварење на непцата,болни и отечени зглобови,бледило(анемија)на кожата, крварења,нарушено зараснување на раните. За превенција, секако, потребно е поголемо внесување на истиот витамин.

 

Растение

Количина на аскорбинка киселина (мг/100г)

Шипинка

2000

Магдонос

130

Киви

90

Брокула

90

Јагода

60

Портокал

50

Лимон

40

Диња

40

Грејпфрут

30

Малина

30

Мандарина

30

Спанаќ

30

Манго

20

Компир

20

Домат

10

Боровинка

10

Ананас

10

 Карактеристики

 Молекулата на аскорбинската киселина всушност  претставува γ-лактон-2-кето-гулонска киселина.  Киселоста на витаминот Ц потекнува од ендиолната  група (две хидроксилнии групи кои се наоѓаат во една  двовалентна врска). Витаминот Ц е бел кристален  прашок и е многу чувствителен, брзо се инактивира и  распаѓа со делување на влага,светлина,воздух, висока  температура(термолабилен).Тоа доведува до  губењена нивната основна функција, доколку тие  бидат загреани над 50 или 60 степени С0. Постојаното  внесување на витамин С е потребно затоа што тој не  може да се складира во организмот за подолго  време. Бидејќи е растворлив во вода, внесениот  вишок ќе се излачи, а на организмот брзо ќе му бидат  потребни нови  количини.Витаминот Ц бргу се  разложува при варење.

  Синтеза

     Аскорбинската киселина е силно редукционо средство и лесно реверзибилно се оксидира во дехидроаскорбинка киселина. И обете форми на витаминот Ц се физиолошки активни и се наоѓаат во сите телесни течности. Билките и сите животни,со исклучок на мајмуните,заморецот и човекот,можат да го синтетизираат витаминот Ц од  D-глукозата преку интермедиерите  D-глукуронската киселина и L-гулонолактонот.

          Кај човекот синтезата е оневозможена поради  неможност L-гулонолактонот да се преведе во  витамин Ц.Затоа човекот овој витамин го прима преку  разновидната свежа исхрана. Свежото овошје и  зеленчукот се главни извори на витамина Ц за  човекот.Особено се богати американската вишња  АЦЕРОЛА(Malpighia punicifolia),лимонот,пиперката и  киселата зелка.Количината на вит.Ц варира кај  пооделни видови растенија во зависност од:  климатските услови во кои расте растението, од  квалитетот на почвата , од свежината на плодот (со  стоење на набраниот плод витаминот Ц оксидира ),  како и од начинот на обработка на плодот (варење,  сечкање, мелење).Табелата приближно ги прикажува  релативните количини на витаминот Ц во пооделни  растенија. Неговата количина е испитувана во  милиграми на 100 грама од плодот на растението.  Количините на витаминот Ц се прикажани како  средни вредности од повеќе мерења. Ресорпцијата на аскорбинската киселина со процесот на прсота дифузија се слуќува по целата должина на гастроинтестиналниот тракт(ГИТ),а особено во тенкото црево.Во крвта,аскорбинската киселина делумно е врзана за протеините,а делумно се наоѓа во слободна состојба.Во ткивата аскорбинската киселина е врзана со протеините.Слободната аскорбинска киселина може да влезе во реакциите на оксидо-редкција. Најголем дел од витаминот Ц е најден во надбубрежните жлезди,црниот дроб(хепарот) и белите дробови. Продукти на оксидативната разградба на аскорбинската киселина се дехидроаскорбинската киселина.дикетоглуконска, оксална и некои други киселини. Слободната аскорбинска киселина и нејзините караболити се секретираат во уринтата.

Дејство и употреба

Иако во прилог се дадени само неколку дејства на витаминот Ц, кои се сметаат како најважни,бројот на објавени документи во врска со аскорбинската киселина е огромен.Неуморните истражувачи стално откриваат нови детаљи и она што се знаело во осумдесетите години е навистина многу малку во однос на тоа што се знае денес.

  •      Тој е моќен антиоксидант, којшто делумно го формира заштитниот систем на организмот против штетното влијание на слободните радикали.

  •      Витаминот Ц е корисен додаток за кожата, бидејќи тој го стимулира создавањето на меѓуклеточен колаген.

  •      Витаминот Ц е неопходен за одржување на здраво сврзно ткиво.

Против грип

Кога ќе се каже „Во првата линија на одбраната“ се мисли на неговото антиоксиданско делување и специфичната улога во мобилизација на одбранбеноста  на организмот.Во борбата против вируси и бактерии вит.Ц е на прво место.Пр.општо познато е дека маратонците поради големите напори се осетливи на горните дишни патишта.Ако конзумираат вит.Ц пред утакмицата нивните инфекции се намалуваат за 25%.

За здрави очи

Вит.Ц ги штити очите од димот на цигарите и UV зрачењеро,кое може да доводе до катаракта(болест на очите).

Против умор

Ослабениот имунолочки систем е главна причина за хроничен замор а вит.Ц му ја враќа на телото потребната снага.Уморот се јавува четири пати повеќе кај жените отколку кај мажите.Симптоми се главоболка,умор.слабост и болки во мускулите.

Заштита од дијабетис

     Иако не е познат точниот механизам на вит.Ц се смета дека  неговото повисоко ниво во крвта спречува појава на дијабетис тип 2.Нивото на вит.Ц од  1,29 mg/dl го намалува ризикот од дијабетис тип  2 зa 62 %/.

Заштита од хипертензија (покачен крвен притисок)

Оние луѓе  кои во крвта имаат поголеми количини на вит.Ц имаат понисок крвен притисок,а со тоа кај нив  е смален ризикот од срцев и мозечен удар.Овој ефект е доаѓа од антиоксидантните својства на аскорбинката киселина,но и како последица на способноста да спречува создавање на нитрит-оксиди-материи кои ги отвара крвите садови.Поради тоа може да се каже дека овоа позитивно дејство на вит.Ц врз крвоткот е многу ефикана заштита од хипертензија.

Помалку сало на стомакот

    Постои врка помеѓу малку внесениот Ц и зголеменото масно ткиво на стомакот,што зголемува ризик од срцеви заболувања.Се смета дека со внесување на намирници побогати со вит.Ц како и млечни производи,во исхраната се намалува апсорпцијата ма масти од храната.Оптимален ефект се постигнува со со 56мг на вит.Ц во текот на денот.

Заштита од пасивно пушење

    Употребата на вит.Ц значително го редуцира ``оксидативниот стрес``(поврзан со бројни болести,од срцеви заболувања до канцери)кои настануваат поради димот од цигарите.За два месеца луѓето кои биле изложени на дим од цигари и конзумирале 500мг на вит.Ц,кај нив ``оксидативниот стрес``се намалил за 11 %.

Намалува ризик од мозечен удар

    Луѓето со најголемо ниво на вит. Ц во организмот имаат најмала шанса да доживеат мозочен удар.Тоа се укажува кај лиѓето што конзумираат многу овошје и зеленчук.

Намалува ризик од остеопороза

    Недовоното внецување на вит. С во организмот,особено ако постои недостаток на калциум(Са,се зголемува ризикот од појава на остеопроза во подоцните години. Учеството на аскорбинската киселина ги ублажиува оксидативните процеси-кои трошат калциум од коските а со тоа го намалуваат ризикот на остеопорозата. Дневните потреби од аскорбинската киселина варираат во зависност  од возраста, физичката активнос,состојбата на организмот(поголеми се кај трудниците,доилките,спортиските),додека кај пушачите и оние кои се изложени на токсични материи потребите за вит.Ц се значално попотребни и појачани. Обично кај деца дневната доза изнесува 15-25мг,а кај возрасни 75-1000 мг. прекумерното земање на овој витамин не претставува голема штета, бидејќи вишокотна овој витамин лесно се исфрлува преку флуидите (урината) надовор од човечкото61тело. Готови препарати Се користат готови препаратина аскорбинската киселина во чиста состојба (таблети или капсули по  100, 500 или 1000 мг)или пак во комбинација со биофлавоноиди. Витамин Ц, Витамин Ц 300 Плус, Ацерола, Febricet C, и многу други Мерки на претпазливост и контраиндикации

Дозирање

Пред земањето на витаминот С треба конлултација  со лекар ако:

  • Постои заболеност дијабетес 

  • Заболеност на бубрезите или зголемен ризик од појава на камен во бубрегот 

 Треба веднаш да се престане со земањето на аскорбинска киселина ако се појават нескани ефекти: алергиски реакции, потешкотии со дишењето, стегање на грлото , појава на отоци на усните, јазикот или лицето. Дозата треба да се намали при појава на дијареа, мачнина или дисурија (отежнато мокрење).

 

дознајте повеќе за Мартин Ангелов

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-


 

www.doktori.mk, 30.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - фармација