Доктори.мк | Непријатен здив – Социјален и медицински проблем | Neprijaten-zdiv-socijalen-i-medicinski-problem | Портал за медицина и здравје

Непријатен здив – Социјален и медицински проблем

доктор по стоматологија

Непријатниот здив од устата (halitosis, oral malodor, fetor ex ore) е голем проблем на современиот човек. Денес, halitosis i halitofobia ( страв од непријатен здив ) се на 3-то место посетености кај стоматологот ( одма после каријес и парадонтопатија ). Продавниците се преплавени со разни врсти на ментол бонбони, води за испирање на устата, гуми за џвакање и други производи кои можат да го отстранат непријатниот мирис од устата, но на жалост само привремено. Научните истражувања докажале дека самосталната употреба на овие средства е дури помалку ефикасна од испирање на устата со вода после миењето заби со четка и паста за заби.

Здивот од устата може да биде минлив ( најчесто настанува после јадење, миење заби, употреба на забен конец или води за испирање ) или траен ( најчесто предизвикан со метаболитичко пореметување и одредени врсти на бактерии ) и претставува значаен проблем кој е присутен кај 20% од населението во различен степен на изразеност. Во ваков случај, негативно влијае на психолошката состојба на личноста, социјалните и колегијални меѓучовечки односи, а доведува и до повлекување на личноста во себе и појава на стрес.

Причинители

Причини на непријатниот здив од устата можат да бидат многубројни:

  • Физиоложки причини ( нормално е да се појавува дискретан, благ, сладок мирис при издишување ( експирација ). Интензитетот е варијабилен и на него влијаат: во зависност од текот на денот ( наутро е најинтензивен ), староста ( се зголемува со текот на годините ), гладот ( кај некои особи )…

  • Орални причини

Лошата орална хигиена, кариозно деструираните заби, лошите лечења или нелечената парадонтопатија, улцеронекрозни оболувања во усната празнина.

Неодржување адекватна орална хигиена, остатоците од храната остануваат во устата и претставуваат добра подлога за бактериите, који разградувајки се ослободуваат материи со непријатен мирис како што се водород-сулфид, диметилсулфид, индол, скатол... На овај начин се формира бактериски плак – безбојни ,,филм,, на површината на забите и гингивата. Ако не се отстрани доведува до појава на кариес, гингивитис, па пародонтопатија, која се повеќе го продлабочува проблемот со оралниот здив.

Ксеростомија

Плунката ја влажни и чисти устата. Кај ксеростомијата - ,,сувата уста,, мртвите клетки се акумулираат најповеќе на дорзалната страна на јазикот, потоа на образите, гингивата. Распаѓањето на овие клетки создава непријатен мирис. Во текот на сонот се лачи мала количина на плунката, па тоа е причина за појавата на ,,утринскиот здив,, од устата, кој е уште повеќе потенциран ако личноста спие со отворена уста.

  • Орални хирушки интервенции во текот на зарастување на раната

  • Оболување на горните и долни дишни патишта ( инфекција на синусите, тонзилити, бронхит, хронични оболувања на белите дробови...)

  • Оболувања на дигестивниот тракт (gastroezofagealni reflux, hijatus hernija...)

  • Дехидратација на организмот

  • Пушење цигари

  • Тешки диети

Да го отстраните непријатниот здив од вашата уста, потребно е..

Миење на забите после секој оброк, користење на конец за заби ( најмалку 2 пати дневно ), четкање на јазикот, менување на четката за заби на секои 2-3 месеци... Оние кои носат протези мораат да обрнат посебно внимание на одржување на хигиената на протезата. Оние кои имаат ксеростомија треба да конзумираат доволна количина вода, незасладени лимони, гуми за џвакање и бонбони кои стимулираат лачење на плунката, а во случај на тежок степен на оболувањето се употребува вештачка плунка и лекови према советите на стомотолог. Редовна посета на вашиот стоматолог ( најмалку 2 пати годишно ).

Кога треба да побарате лекарска помош?

Здивот од устата во најголем број случаи може да се елиминира со одржување на добра орална хигиена. Ако и после тоа, тој е присутен потребна е посета кај стоматолог специјалист за орална медицина, кој ќе спроведе терапија, а во случај на исклучување на оралните причини, следат додатни испитувања кај специјалисти од други гранки на медицината.

 

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 29.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија