Влијание на орофацијалните функции врз трансверзалниот развиток на максиларниот комплекс

студент по стоматологија

Растот и развојот на нормална оклузија е континуиран сложен биолошки процес каде што главна улога имаат генетските фактори и нивната интеракција со епигенетските фактори, односно фунцкиите на орофацијалниот комплекс.

Максилофацијалниот комплекс се развива во 3 правци и тоа:

  • Сагитален

  • Вертикален

  • Трансверзален

Во повеќе трудови од областа на ортодонцијата се вршени истражувања за влијанието на орофацијалните функции врз трансверзалниот развој на максиларниот комплекс. Brite Melsen, Tahereh Jalay, John Flutter и повеќе други видни автори биле заинтригирани од влијанието на орофацијалните фунцкии врз развојот на нормална оклузија, односно на малоклузија. Истите тие автори кои што ги проучувале орофацијалните функции се согласиле дека нивното влијание на трансверзалниот развој на максилофацијалниот комплекс и воедно на развојот на малоклузијата е преголемо. Покрај големиот број на истражувања и наоди, оваа тема сеуште ги интригира научниците во областа на ортодонцијата,а не заинтригира и нас. Токму затоа, по повеќе прочитани трудови од горенаведените автори,решивме да се фокусираме на оваа тема и да направиме уште едно истажување во кое ќе ги најдеме димензиите на денто-алвеоларните лакови кај пациенти со орофацијални парафункции и истите ке бидат споредени со нормалните,се со цел да дознаеме колкаво и какво е влијанието на овие функции врз растот и развојот на нормалната оклузија.

Цел на истражувањето

Целта на ова истражување е да се проследи влијанието на орофацијалните фунцкии врз трансверзалниот развој на максиларниот комплекс преку серија на гнатолошки и клинички испитувања на пациенти кај кои што било дијагностицирано инфантилно голтање или пореметени орофацијални карактеристики кои се опишани подоцна во трудот.

Матерјали и методи

  За ова истражување од ортодонтската  ординација на Стоматолошкиот Факултет при  УКИМ беа селектирани 20 учесници на возраст  од 9 до 14 години кои како анамнестички  податок дадоа дека имаат некоја од  орофацијалните парафункциикако што е  инфантилното голтање или лоши навики  (цицање на прст, цуцла лажливка, гризење на  долна усна).

 На овие 20 пациенти им беа земени отпечатоци  од кои подоцна се излеаа студио модели и на истите беа извршени гнатометриски анализи и клинички испитувања. Мерењата беа по методата која Melsenја опишал во неговиот труд на оваа проблематика. Односно беше извршено мерење на ширината на денталниот лак во интерканината и во моларната регија, каде што во интерканината регија ја одредувавме ширината на лакот по стандардните референтни точки (меѓу врвовите на канините), додека пак во моларната регија ја одредувавме ширината на лакот помеѓу букомезијалните тубери на првите молари,на начинот по кој што Melsenги вршел мерењата во неговиот труд. Освен ширината на лаковите во интерканината и интермоларната регија извршивме и мерење на висината на алвеоларните гребени кај пациентите со вакви пореметени орофацијални функции.

Резултати од истражувањето

По извршените гнатометриски анализи по горенаведените критериуми на моделите од овие 20 пациенти дијагностициравме сигнификантни разлики помеѓу ширината на дентоалвеоларните лакови во интерканинската и интермоларната регија на пациенти со нормален трансверзален развој на максиларниот комплекс и кај пациенти со пореметен развој како резултат на постоење на некоја од гореспоменатите орофацијални функции (инфантилно голтање, лоши навики).

Доколку се земат стандардните вредности на широчините на максиларниот и мандибуларниот забен лак и висините на максиларниот и мандибуларниот алвеоларен гребен и се споредат со резултатите добиени од нашите мерења на овие 20 пациенти со пореметени орофацијални функции ќе видиме дека постои компресија на максиларниот забен лак и заради тоа се добиваат намалени вредности на интерканинските и интермоларните широчини за 4-5мм споредено со пациентите кои што имаат нормална оклузија.

Добиените вредности од мерењата на овие пациенти

 

Инфантилно голтање

Лоши навики

13 - 23

30,7

32,0

16 - 26

45,1

45,6

33 - 43

25,3

26,3

36 - 46

40,6

39,0

Висина на максиларен гребен

10,7

11,9

Висина на мандибуларен гребен

6,2

6,5

Дискусија

Во овие 20 испитувани случаеви најпрвин најдовме средна вредност на сите добиени резулати од мерењата,а потоа врз основа на резултатите дојдовме до следниве заклучоци. Во максиларната интерканина регија 13-23 кај пациентите со инфантилно голтање беа измерени димензии со просек од 30,7мм,а кај пациентите со лоши навики 32,0мм.Во оваа регија забележуваме компресија на лакот за 1,3мм кај пациентите со инфантилно голтање.

Во максиларната интермоларна регија 16-26 кај пациентите со инфантилно голтање беа измерени димензии со просек од 45,1мм,а кај пациентите со лоши навики 45,6мм.Овдека забележуваме компресија од минимални 0.5мм кај пациентите со инфантилно голтање. Во мандибуларната интерканина регија 33-43 кај пациентите со инфантилно голтање беа измерени димензии со просек од 25,3мм,а кај пациентите со лоши навики беше измерена димензија од 26,3мм.Во овој случај увидевме дека постои потесен лак за 1мм кај пациентите со инфантилно голтање.

Во мандибуларната интермоларна регија 36-46 кај пациентите со инфантилно голтање беа измерени димензии со просек од 40,6мм,а кај пациентите со лоши навики истата изнесуваше 39,0мм.Постои стеснување од 1,6мм кај пациентите со лоши навики. Висината на максиларниот гребен кај пациентите со инфантилно голтање изнесуваше 10,7мм,а кај пациентите со лоши навики изнесуваше во просек 11,9. Пациентите со лоши навики имаа во просек за 1,9мм повисок гребен од оние со инфантилно голтање Висината на мандибуларниот гребен кај пациентите со инфантилно голтање во просек изнесуваше 6,2мм,а кај пациентите со лоши навики истата изнесуваше 6,5мм. Ова не доведува до заклучок дека иако се многу блиску,во просек пациентите со лоши навики имаат 0,3мм повисок мандибуларен гребен од оние со инфантилно голтање.

Заклучок

Орофацијалните функции претставуваат голем фактор во развојот на максилофацијалниот комплекс, а воедно и во развојот на правилната оклузија на една индивидуа. Од императив за ортодонцијата е навремено дијагностицирање на овие парафункции овозможува адекватна ортодонтска терапија, а со тоа и правилно усмерување на растот и развојот на нормалната оклузија.

Со давање на адекватната ортодонтста терапија,било тоа да е превентивна, или куративна,се постигнува задолжителниот функционален и естетски оптимум кај пациентите

 

www.doktori.mk, 26.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија