Накит на забите

доктор по стоматологија

Доколку имате убави и здрави заби, а сакате вашата насмевка да биде уште поубава и впечатлива, тогаш сигурно сте помислиле еден од забите да го украсите односно да ставите “накит”.


 Накитот на забите се применува од естетски причини со што на вашата насмевка ќе и биде ставен “особен печат”. Забниот накит може да биде циркон, злато или некој драг камен. Апликацијата на накитот врз забот е брза, безболна и ефикасна постапка. Неговото ставање на забот не е штетно по општото здравје бидејќи самиот накит е изработен по определени стандарди за употреба во усната шуплина, а постапката за неговото поставување на забот е неинвазивна. Забниот накит се врзува за забот преку хемиски врски со помош на адхезив (“лепак”) кој се користи и при изработка на пломби. При ваквата постапка не се оштетува глеѓта. Хигиената во устата како и вообичаено се одржува со четка и паста за заби, со што би се спречила појавата на дентален плак.


Доколку посакате да се отстрани забниот накит од забот, тоа може да се направи многу едноставно. Со лесно брусење може да се отстрани и накитот и адхезивот од забот, без притоа да се уништи забната глеѓ.

 

Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

 ПЗУ "Д-р Каланоска" -  Охрид

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 25.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија