Докажано, овошјето и зеленчукот ни го подобруваат расположението

Овошјето и зеленчукот нема да ви помогнат само да го зачувате вашето телесно здравје, туку и психичкото - тврди најновото истражување направено на Хардвар. Истражувањето докажува дека луѓето кои редовно консумираат овошје и зеленчук, не само што имаат подобро расположение туку се и поголеми оптимисти.

Високото ниво на каротеноиди се одговорни за подобрување на расположението при консумирање на овошје и зеленчук во поголеми количини - тврдат истражувачите.  Научниците велат дека истражувањето покажало дека за овој ефект потребно е да изедете барем неколку овошја во текот на денот и барем една порција зеленчук. Тие велат дека луѓето кои редовно консумираат овошје и зеленчук имаат помали шанси да станат зависници од алкохол.

Ако се сомневате во ова, најдобро е и самите да пробате. Идната недела сите ваши грицки кои се наменети за забава, заменете ги со овошје и зеленчук. Откако ќе ја забележите промената, нема да можете да се одвикнете од оваа корисна навика.

www.doktori.mk, 24.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана