Дали ацетил-салицилната киселина може да го продолжи животот кај болните од рак?

Најновото истражување покажува дека ацетил салицилната киселина може да го продолжи животот кај болните од рак. Прочитајте повеќе ...

Истражувачите вклучиле 1000 испитаници, кои биле заболени од исти типови на канцер, едната група земала ацетил салицилна киселина додека другата група не земала. Во текот на 10 години мониторирање на овие две групи се дошло до заклучок дека, во групата која земала редовно ацетил салицилна киселина умреле 38% од болните додека во групата која не земале во истиот период умреле 49% од болните опфатени со истражувањето.

Ако и други научници го потврдат ова истражување, би можеле да имаме уште еден супер ефтин третман против ракот, - вели Gerrit Jan Liefers, истражувач од Универзитетот Leiden - Холандија. Тој додава дека ова е напредок, бидејќи резултатите покажуваат дека кај многу луѓе само со помош на ацетил-салицилна киселина може да се продолжи животот. Сепак научниците велат дека ова истражување треба да се повтори за да се докаже со сигурност неговата веродостојност, односно истата да се потврди, луѓето сепак не треба да земаат никакви лекови без совет од својот лекар, а ако овој доказ се потврди ацетил-салицилната киселина понатаму ќе се вклучи како редовен лек кај луѓето кои се болни од канцер. 

 

www.doktori.mk, 23.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина