Селфизам - Опсесивното постирање на авто-портрети на социјалните мрежи како ментално заболување?

Селфи - прогласен како збор на изминатата година, се повеќе започнува да се користи во јавноста. Но, психијатрите пак планираат да додадат ново заболување кое се должи на опсесивното постирање на авто-портрети на социјалните мрежи кое го нарекоа "СЕЛФИЗАМ".

Психијатрите велат дека кога ќе се прикачи понекогаш некоја "Селфи" не е проблем, но селфизамот е дијагноза за луѓето кои постојано прикачуваат вакви фотографии, понекогаш и непостои ден во месецот кога одредена личност не постира барем по неколку "Селфи" фотографии. Психијатрите не велат дека ова е многу сериозна дијагноза, но сепак велат дека се работи за дијагноза бидејќи според анализите луѓето кои патат од селфизам страдаат од многу малку самодоверба, имаат проблеми со друштвената комуникација и бараат начин на себе истакнување.

Психијатрите велат дека луѓето кои постојано објавуваат селфи фотографии, можат да укажуваат на симптоми на нарцисоидна личност и личност која е склона кон болести на зависност. Лицата кои патат од селфизам - според психијатрите, се зависни од фотоапаратот, тие имаат единствена грижа за тоа како ќе испаднат на фотографијата и колку "лајкови" ќе соберат. Сепак тука не се работи само за сликања туку и за пропратни симптоми на личноста кои доаѓаат заедно со постојаното сликање и закачување на "селфи" фотографии на социјалните мрежи.

Сепак, како и да е иако сликањето "селфи", само по себе не е психијатриска болест, сепак морате да обрнете вниманите на луѓето кои постојано прават селфи фотографии, бидејќи можеби едноставно патат од мала самодоверба или недосток на друштвеност или други слични проблеми. Најчест симптом на селфизам според некои психијатри е неможноста постојано да се направи совршена авто-фотографија.

Дали и вие сметате дека СЕЛФИЗАМОТ е ментално заболување?

 

www.doktori.mk, 22.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина