Доктори.мк | Внимание, по Велигденскиот пост, следува обилна масна храна - Научете повеќе за мастите | Vnimanie-po-veligdenskiot-post-sleduva-obilna-masna-hrana-sto-potoa | Портал за медицина и здравје

Внимание, по Велигденскиот пост, следува обилна масна храна - Научете повеќе за мастите

студент по медицина

Живееме во современ свет каде науката и техниката го земаат се поголемиот замав во нивната иновација и заради тоа човекот е единствена жртва на нивните нови производи и суровини на пазарот. Токму од тој аспект сведоци сме на се поголемиот број  на луѓе со зголемено ниво на триглицериди и холестерол во крвта…

Липиди се група на органски соединенија кои се естери на глицеролот и вишите масни киселини.  Тие помеѓу себе се разликуваат како по хемиските својства, структурата, така и по физичките и физиолошките својства. Липидите т.е. мастите и маслата претставуваат голема, разнородна група на природни соединенија широко распорстранети во природата. Влегуваат во состав на растенијата, животните и микроорганизмите. Називот потекнува од грчкиот збор „липидос“, што значи масен.

По дефиниција, мастите се биолошки молекули нерастворливи во вода, а лесно се растворуваат во органски растворувачи како што се бензол, етер, хлороформ или смеса на хлороформ и метанол која претставува универзален растворувач за липиди. Во воден раствор формираат организирани структури во форма на мицели или ламели.  Масните киселини со двојни врски во алифатичната верига се обележуваат како незаситени масни киселини. Бројот на двојните врски може да биде различен. Во природата, најчесто се сретнуваме со олеинската, линолната, линоленската и други киселини. Линолната и линоленската киселина не се синтетизираат во нашиот организам и затоа се нарекуваат есенцијални масни киселини.

Улогата на липидите во човековиот организам 

Освен што ни даваат енергија, мастите и  маслата  се важен извор на витамините А, D, Е, K, како и на есенцијалните масни киселини што организмот не може сам да ги произведе. Исто така, мастите обезбедуваат нормално функционирање на организмот, учествуваат во изградбата и одржувањето на структурата на клетките, служат во синтезата на антителата и на некои хормони, служат како извор на топлина и го штитат телото од екстремни температури. Мастите влијаат на нивото на холестеролот во крвта.  Важно е да се одржува нивото на „добриот“ холестерол, кој го отстранува вишокот холестерол од крвта и ткивата го враќаат во црниот дроб, како и да се намали нивото на „лошиот“ холестерол што се таложи на ѕидовите на артериите и со време може да предизвика атеросклероза и други болести на кардиоваскуларниот систем.

 

Продолжува ...

дознајте повеќе за Мартин Ангелов

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 21.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина