Постот, и по него ... - Синдром на "гладно око"

Велигденските пости поминаа, а вие со нетрпение очекувате да вкусите од богатата Велигденска трпеза која цел викенд сте ја приготвувале. Но, внимавајте, наглото внесување на масна храна може да биде исклучително опасна за вашето здравје. Внимавајте на т.н. "синдром на гладно око" ...

Денешната Велигденска трпеза може да биде вистински стрес за вашиот организам, доколку не започнете умерено да внесувате масна храна - советуваат лекарите. Синдромот на гладно око претставува состојба на човекот, кој веднаш после долгите пости седнува на масната трпеза и консумира многу масна храна. Овој синдром е многу опасен, особрно за црниот дроб и панкреасот, тие можат да се воспалат и да предизвикаат многу алармантни симптоми, а во некои случаи доколку навремено не се интервенира пациентите и фатално да завршат.

Лекарите предупредуваат, бидејќи со оглед на искуствата првиот и вториод ден Велигден секогаш предизвикувале зголемена фрекфентност во болниците, од страна на оние кои постеле. Затоа привикнете го организмот. Започнете со малку масна храна и разновида, за во текот на наредните денови да си ја стандардизирате исхраната. Во спротивно ризикувате од големи компликации кои можат да завршат дури и фатално.

Среќни Велигденски празници, од тимот на ДОКТОРИ.МК

www.doktori.mk, 20.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина