Ако лесно ги губите нервите, секогаш при рака имајте нешто од ова

Ако и вие сте од онаа голема група на луѓе што често знаат да ги изгубат нервите и да реагираат неадекватно во одредени ситуации, тогаш ве советуваме да имате секогаш при рака некој од следните мириси ...

Лаванда

Вдишувањето на мисиот од лаванда делува смирувачки за нервниот систем. Во шишенце секогаш можете да го имате во вашиот џеб. Освен за смирување, тоа може да ви помогне и против несоница, многу е ефикасно, пробајте ...

Јасмин

По потекло е од Индија, но може да се најде насекада. Вас важен ви е мирисот. Мирисањето на јасминот, не само што ги смирува нервите, туку буди и добро расположение.

Камилица

Камилицата е една од супербилките кои се наоѓаат на нашите простори. Во вид на масло, но и чај, самиот мирис ве опушта и ве релаксира, а чајот пак делува одлично на целото тело ...

Роза

Мирисот од роза во некои земји е стандардна терапија против хистерија, депресија и други ментални заболувања. Научниците сметаат дека мисирот е толку моќен што може да го регулира и месечниот циклус кај жената. Затоа топло ви го препорачуваме мирисот како масло, но и како освежувач за вашата просторија.

 

www.doktori.mk, 18.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил