Доколку патите од низок притисок пробајте ги овие домашни трикови, кои можат да ви помогнат

Зголемениот крвен притисок е опасен, но и малиот исто така, затоа треба да се одржува нормална тензија. Сепак многу луѓе патат од намален крвен притисок, па затоа ние денес ви нудиме неколку домашни трикови како да се ослободите ...

Промена на температурата на водата за време на туширање

Туширањето помага при многу состојби. Овој пат додека се туширате правете најизменична промена на водата топло-ладно и на крај завршете со ладна вода. Овој метод покажал успех, па можете да го пробате.

Масажа на кожата во насока кон срцето

Масажа на кожата на екстремитетите и трупот  со сува крпа во насока кон кожата покажало дека може да се помогне за корегирање на хипотензијата одноно  да се зголеми дотурот на крв во срцето. Исто така при акутно влошување на хипотензијата, потребно е да се легне и да се направи елевација на долните екстремитети, за брзо да се подобри состојбата.

Ставете крај на алкохолот

Алкохолот ја потикнува диурезата, односно исфрлањето на водата од организмот и ја заспорува работата на срцето исто така пореметувајќи го центарот за рамнотежа, па поради тоа алкохолот не се препорачува за лица со хипотензија.

Малку повеќе солено од нормалното

Ние секогаш сме биле против солењето на храната во големи количини, но, во овој случај малку по солена храна би ви дошло добро. Бидејќи солта ја задржува водата, а со тоа го покачува и притисокот.

 

www.doktori.mk, 16.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина