Доктори.мк | Периартритис на лакт (peryarthritis cubiti) | Periartritis-na-lakt-peryarthritis-cubiti | Портал за медицина и здравје

Периартритис на лакт (peryarthritis cubiti)

студент по медицина

Во подрачје на лакт настануваат воспалително-дегенеративни промени во радиус и улна, епикондилите на хумерус и олекранонот на улната, местото на припој на тетивите на мускулите екстенозри и флексори на подлактицата (antebrachium) и на m. triceps brachii.


Етиологија

Клучна улога во настанувањето на ентезопатија на латералниот и медијалниот епикондил, има траумата која што се повторува. Поради микротрауми и припојот настануваат дегенерација. Латералниот епикондил е почесто афециран (нападнат). Истото миханичко влијание е одговорно за ентезопатија на епикондилот кај тенисерите. Оваа појава во спортската медицина е позната под името тениски лакот. Поретко е за настување бурзитис (воспаление на синовијална кесичка)

Клиничка слика

Кај ентезопатија на радијален епикондил на хумерус се јавува болка која што се шири на антебрахиум и брахиум. Болката се засиулва при палпација и на стисок на шака, како и при пронација на подлактица и воларна флексија на шаката со испружен лак. Дивжењата во рачниот зглоб се можни. Кај ентезопатија на улнарен епикондил на хумерусот се јавува болка на епикондилот која се засилува на палпација и при воларна флексија на шаката. Поради осифиакција на тетивните влакна рентдген се видливи т.н. коскени трнови.

Терапија

Терапијата во акутна фаза е избегнување секаков напор и стисок. Мобилизирање во лонгета 7-10 дена а од медикаментозната терапија поволно делуват НСАИЛ (нестероидни антиинфаламаторни лекови). Во хронична фаза се ординираат - дијатермија, сонотерапија, дијадинамски струи и кинезитерапија (терапија со медицински вежби). Доколку сето ова не даде резултат, главна индикација е хируршка операција.

 

дознајте повеќе за Мартин Ангелов

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 16.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина