Доктори.мк | Рефлексологија - Стапалата и дланките зборуваат се за вашето здравје, помогнете си самите | Refleksologija---Stapalata-i-dlankite-zboruvaat-se-za-vaseto-zdravje-pomognete-si-samite | Портал за медицина и здравје

Рефлексологија - Стапалата и дланките зборуваат се за вашето здравје, помогнете си самите

Според познавачите на рефлексологијата стапалата можат да кажат се, за нашите органи. Како ви работат бубрезите, како работи црниот дроб, дури и каков ви е темпераментот, но и со правилна масажа можат да се излекуваат многу состојби ...

Со помош на рефлексологијата познавачите прават притисок и масажа на делови од стапалата и дланката за кои сметаат дека се поврзани со одреден орган, и според нив, ако сте добар познавач на рефлексологијата, со самата масажа на стапалата можете да ја подобрите работата на одреден орган со кој имате проблеми. Кинеската медицина има специјално направени прецизни мапи на  тоа кое место на стапалото на кој орган одговара (види слика), а оваа прецизна шема според познавачите била направена уште пред 5 000 години. Рефлексологијата во Европа и во Америка започнува да се актуелизира од 2007-та па наваму.

Во Јапонија постои пауза за ручек и пауза за масажа на стапала, велат познавачите. Во Јапонија луѓето цврсто се убедени дека масажата на стапалата дава дополнителна енергија и ја зголемува работната моќ на одредени органи на кои што се влијае. Според многумина оваа терапија на многумина дала навистина добри резултати. Доказ за ова е Холандија во која со рефлексотерапија се лечат многу сложени болести како што е мултипла склероза, а за лекување се закажува и чека со недели.

Kонтрола и баланс на животната енергија

Искусните познавачи и терапевти во областа на рефлексологијата можат со самата масажа на стапалата да одредат во кој дел од телото има дисбаланс на енергија, дури попрецизно и од стетоскоп велат тие. Со масажата се прави повторно воспоставување на каналите и враќање на балансот, што, според познавачите успеало да излечи многу тешки заболувања. Луѓето сведочат дека со масажа на стапалата успеале да ја подобрат функцијата на бубрезите, црниот дроб или срцето, а некои велат дека е делотворна и за видот, па дури успева да врати и оштетен слух.

Рефлексологија со етерични масла во Кина и Јапонија е секојдневна рутина со која се подобрува мислењето, концентрацијата, способноста за учење и енергијата во текот на целиот ден. Со векови наназад овие луѓе ја користеле оваа терапија, се смета дека со помош на неа може да се продолжи животниот век на луѓето.

Рефлексолозите советуваат работи кои можете да ги пробате сами

Помош при мигрена

Масирајте си ги врвовите на сите прсти, особено на палецот се додека главоболката не престане. Потребата за масажа е од 5 до 15 минути.

Помош при болки во увото

Масирајтеги  најизменично малиот и домалиот прст на двете раце додека болката не престане.

Помош при забоболка

Нежно стиснете го и масирајте го кружно средниот прст на било која рака

 

www.doktori.mk, 15.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина