Дали е тој оној вистинскиот?

студент на медицина

Во дилема сте дали тој е оној со кого треба да го поминете целиот живот и дали да отидете еден чекор напред. Прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат ...


Чувства

Кога ќе ви поминат пеперугите во стомакот, размислете со ладна глава дали навистина го сакате и дали се гледате со него во иднина или тоа е само една претстава за која треба да се спушти завеса.

Потреби

Секој од нас има одредени потреби и барања од партерот кои очекува да бидат задоволени. Запрашајте се дали сте задоволни од тоа што го поседувате во моментот дали тој ги исполнува вашите потреби или сепак би “посегнале” по нешто друго, бидејќи ако не сте сигурни на почетокот на патот, воопшто и не тргнувајте.



Амбиции

Сите во животот сакаме да успееме на одреден професионален план. Дали вашиот партнер е либерален кон вас и вашата професија, за која понекогаш може да се јави потреба да одвоите повеќе време. Ако тој уште сега е против вашите професионални ангажмани, тогаш верувајте дека понатаму тоа многу ќе се искомплицира. Затоа решете го овој проблем уште на почетокот.

Сложност

За некои важни работи, како на пример планови за заеднички живот, потомство треба да имате мислења кои ќе се поклопуваат или да најдете заеднички став. Големите разлики во врска со потомството и тоа како тој и вие го гледате заедничкиот живот сигурно ќе ви донесат само недоразбирања.

 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 14.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил