Се во врска со вакцинирањето на вашето куче

Дали и вие го сметате кучето како дел од вашата фамилија? Го сакате, го раните, негувате и шетате редовно? Тогаш морате да се погрижите и за негово навремено вакцинирање, за ваше, негово и доброто на околината. Еве накратко во врска со вакцинирањето на вашето куче.

Прва вакцина која вашето куче може да ја прими е “puppy“ и е единствената која може да се прими во првите 6 недели на кучето. Оваа вакцина обезбедува краткотраен имунитет и после 8-та недела е потребно повторно вакцинирање. По 8-мата недела се прима вакцина која го штити вашето куче од:

  • Парвовируси

  • Инфлуенца за куче

  • Лептоспироза

  • Заразна жолтица

За да се создаде имунитет е потребно да поминат 7-14 дена, па во овој период морате да внимавате. Мораме да ви напоменеме дека од овие болести можат да заболат и возрасните кучиња, затоа вакцината треба да се повторува секоја година.

Беснило

Вакцината против беснило е законска обврска и морате да ја дадете на кучето кое го чувате. Мртвата вакцина обезбедува добар имунитет, може да се даде по 3-тиот месец, но програмите за вакцинација ја предвидуваат истата по истекот на 4-тиот месец.
Мит. Доколку кучето прими ваква вакцина ќе остане слабо, мало и нема да го достигне својот потенцијал. Ова е апсолутно неточно, ветеринарите советуваат да не паѓате на овој мит бидејќи нема никаква врска со вистината.

Вакцинирајте го вашиот миленик, на овој начин го заштитувате него и се грижите за неговото здравје, се заштитувате себе си вашата фамилија вклучувајќи ги и вашите деца од микроорганизми опасни и за човекот, а кои може кучето да ги пренесе, и секако ја заштитувате и околината, бидејќи евентуалното каснување од куче нема да резултира со пренос на опасни микроорганизми.

 

www.doktori.mk, 12.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил