Што е всушност ракот?

доктор на медицина

Во текот на животот во нашиот организам клетките контролирано се делат и обновуваат. На овој начин ткивата и органите на организмот растат, се развиваат и беспрекорно функционираат.Нормалниот метаболизам овозможува човечкиот организам нормално да функционира.

Присутните ензими го подржуваат нормалниот метаболизам и на тој начин ја овозможуваат оваа функција. Во основа метаболизмот го сочинуваат биохемиски процеси:

  • катаболизам(процес на разложување на супстанциите на прости делови и нивно искористување oдорганизмот)

  • анаболизам (процес на создавање на потребните материи во организмот од прости компоненти).

За одвивање на овие процеси потребно се ензими и кислород. До колку дојде до пореметување на метаболизмот, доаѓа до неконтролирано размножување на ткивото, пореметување на неговата функција и формирање на т.н. туморозна маса, односно, неконтролирана делба (митоза) и појава на малигно заболување.

Дефиниција

Под поимот карцином или малигно заболување а во народот познат како рак се дефинира состојба во организмот во која имаме формирање на туморозно ткиво кое настанува по пат на неконтролиранамитоза(делба) на клетките. Процесот на делба на клетките е контролиран или овозможен од нормалниот метаболизам односно потребната енергија и присуството на ензимите. Во моментот кога организмот не може да ја контролира митозата настанува малигно заболување.

Причини за неконтролирана митоза има повеќе меѓу кои се следните:

  • Теорија на присуство на микроби (вируси, бактерии, габички и др. паразити).

  • Теорија на акумулација на токсини

  • Теорија на микробна мутација

  • Теорија на дефектни гени

  • Теорија на изменета ДНК

Ако сумираме со право може да се каже дека мутацијата на клеточното јадро под дејство на неконтролраната митоза е основна причина за појава на малигното заболување. Факторите кои доведуваат до неконтролираната митоза се наречени канцерогени материи а во природата постојат од 200 до 500 такви материи. Научниците изнесуваат своја теорија дека во човечкиот организам во секоја секунда умираат 10 милијарди клетки а се формираат 300 милјарди нови клетки по пат на митоза. При ваква висока клеточна активност постои голема можност за малигна мутација на клетките под дејство на канцерогените материи.

Канцерогените материи се наречени и фактори на ризик, а најчести сенавики во животот и начин на исхрана, возраст, наследни фактори и семејна предиспозиција,генетска предиспозиција, надворешна средина (загаден воздух, цигари, токсични испарувања, сончева светлина со УВ зрачење, радиоактивно зрачење, бактерии и вируси, стрес и др.) Наброените фактори се секогаш присутни но никогаш не предизвикуваат заболување, доколку имунолошкиот статус на организмот беспрекорно функционира. Наброените фактори никогаш не предизвикуваат малигно заболување ако дејствуваат поединечно туку истотое резултат на дејство на повеќе фактори истовремено.

Симптоми

Во почетниот стадиум на развојот на малигното заболување постои таканаречена асиптоматска болест. Со растењето на туморозното ткиво доаѓа до појава на првите симптоми кога ткивото почнува да врши притисок на соседните органи поради што покасно се јавуваат и одредени симптоми во однос на тоа кој орган е зафатен. Американското здружение за борба против малигното заболување презентира неколку почетни симптоми преку зборот  Р И З И Ч Н О .

Рана која не зараснува

Измена на вообичаено празнење на бешика, црева, дебело црево

Задебелување или јазол на дојката и градите

Иритирачка кашлица или засипнатост во говорот

Чудна видлива промена на местото на заболувањето (брадавицана кожа, брадавица на дојка)

Необично крварење или слузав секрет

Отежнато голтање, варење, движење, дишење

Покрај овие симптомиболните од малигно заболување губат телесна маса затоа што малигните клетки ги користат аминокиселините(протеини) од здравото ткиво со што се намалуваат килограмите на заболениот.

Класификација

Туморозното ткиво во почетниот стадиум се развива асимптоматски и се јавува водве форми

  • бенигна туморозна формација

  • малигнатуморозна формација

Честопати туморот од бенигна природа според својата локација, големина и природа може да делува како и малиген тумор (мочен меур, шупливи органи и глава).

Во однос на ткивото на кое малигното заболување се јавува постојат неколку форми:

  • Карциноми (кожа, бел и црн дроб, дигестивен тракт и урогенитални органи)

  • Саркоми (коскено мускулно ткиво и рскавица)

  • Леукоза (крв и крвни елементи)

  • Лимфоми (рак на лимфни жлезди)

Дијагностицирање

Во основа на дијагностицирањето е што побрзо откривање на малигното заболување, негово излекување, односно ризикот по здравје да е помал.Дијагностицирањето на малигното заболување е со лекарски преглед, сомнежна малигно заболување, разни лабараториски испитувања, ртг, ехо,кт, ултра звук, магнетна резонанца,туморскимаркери, биопсија и патохистологија.

Лекување

Во лекувањето на малигните заболувања во основа се применуваат хируршки зафат, зрачење, хемотерапија. После ова се применува хормонска терапија, цитостатици, антобиотици и имунотерапија. Во лекување на малигното заболување денес големо внимание се посветува на алтернативната медицина и начинот на исхраната:

Витамини: Бета каротен (провитамин А), Б, Ц и Е

Минерали: Калциум, Магнезим, Цинк, Селен и Хром

Имоностимулатори: Омега 3, Спирулина, Алое Вера,Медицински печурки, Колострум, Матичен млеч

Антиоксиданси: Семки од грозје, Коензим Q10, Алфа липочна киселина

Исхраната треба да биде разновидна од свежо овошје и зеленчук, интегрални житарици,избегнување на конзервирана храна, црвено месо, шеќер, алкохол, пушење.

Превенција:

Основно правило да се избегнуваат факторите на ризик

  •  Водете нормален начин на живот и исхрана,

  •  Избегнувајте цигари и алцохол

  •  Избегнувајте директно изложување на сонце и УВ зрачење

  •  Одржувајте психофизичка активност и кондиција

  •  Да се почитуваат мерки на заштитана работно место

  •  Информирајте се за болеста и прифаќајте ги советите

  •  Избегнувајте стресни ситуации, размислувајте позитивно

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 12.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина