Доктори.мк | Пет работи кои морате да ги научите за да станете личност која секој ја сака во своја близина | Pet-raboti-koi-morate-da-gi-naucite-za-da-stanete-licnost-koja-sekoj-ja-saka-vo-svoja-blizina | Портал за медицина и здравје

Пет работи кои морате да ги научите за да станете личност која секој ја сака во своја близина

Некои личности едноставно се посакувани од сите, други пак иако навидум добронамерни сепак луѓето помалку или повеќе ги одбегнуваат. Често овие луѓе се прашуваат зошто? Ние денес ви ги презентираме петте работи кои морате да ги научите за да станете личност која секој ја сака во своја близина. Прочитајте кои се тие ...

Научете дека насекаде владее несовршенство

Личностите кои се едноставно посакувани, брзо и лесно ги прифаќаат луѓето околу нив. Не прават разлика од човек до човек, без разлика што некои луѓе имаат навистина тежок карактер. Овие луѓе имаат ист стил на муабет и со позитивините физички привлечни луѓе и со оние кои се помалку позитивни. Тие сакаат да се забавуваат да бидат опкружени со луѓе и да соработуваат не обрнувајќи внимание на несовршените детали на луѓето, вадејќи го и прифаќајќи го она позитивното што може да се извади од нив. Затоа, ако сакате и вие да бидете посакувана личност во средината каде што живеете, најпрвин научете дека насекаде владее несовршен свет и прифаќајте ги несовршеностите на луѓето без дискриминација, третирајќи ги сите со исто ниво, без разлика дали хиерархиски се далеку над или далеку под вас.

Научете да внимавате на тонот и смислата на речениците кои ги изговарате

Од почетокот ќе ви биде тешко, но подоцна ќе се научите. Најголем проблем кај луѓето што се помалку посакувани во општеството е тоа што тие ги бираат личностите на кои им ласкаат на сметка на некои други на кои им се обраќаат и комуницираат арогантно со нив. За да бидете посакувана личност морате да научите да правите баланс. Без разлика дали лицето со кое зборувате е вашиот, брат, шеф или другар тонот со кој разговарате мора да остане пријателски. Речениците не треба да звучат уценувачки или потценувачки, а на соговорникот преку разговорот треба да му дадете до знаење дека го почитувате без разлика на тоа што вие можеби сте во многу области повисоко од него. Размислете само, колку убаво се чувствувате кога некој за кого вие сметате дека е угледен и паметен ви се обраќа со високо ниво на почитување и колку убава слика вие креирате за него, па на овој основ пробајте и вие да бидете такви. Секако покрај ова мора да научите и да ги "приземјите" луѓето кои вас ве сметаат за недостоен/а. Едноставно не влегувајте во конфликти, само свртете му го грбот и оставете го оној кој не се однесува пријателски кон вас, дајте му до знаење дека можете во потполност и без неговото другарство, и тој набрзо ќе сфати каква грешка прави кон вас. 

Научете да го водите разговорот во позитивна насока

Во вашите разговори со луѓето секогаш имајте доза на оптимизам. Кога некој ќе ви каже што работи или каков проблем има секогаш вадете ја позитивната страна на тоа што се случило и укажувајте ја на соговорникот, бидејќи верувајте луѓето сакаат да го слушаат тоа. Немојте во никој случај да отворате политички дебати и распарави во секојдневните собири, бидејќи во таков случај оделувате една група луѓе од вас, а другата група започнува да креира разни ставови кон вас кои подоцна или порано ќе ви се одразат, и со сигурност нема да бидете човек посакуван од многумина.

Научете да внимавате на деталите

Кога ќе ја видите личноста која го променила стајлингот никогаш не пропуштајте да го пофалите и да кажете дека промените секогаш добро им доаѓаат на луѓето. Не мора да ви биде девојка или дечко една личност за да и дадете комлимент без некоја посебна причина, тоа луѓето ги прави среќни. Ако некој е болен без разлика што не сте премногу блиски, посетете го без дигање непотребна паника, на кратко со едноставна реченица за брзо оздравување. Немојте да бидете паничар, но немојте да заборавите да го честитате празникот на соседот кој не е од вашата вера, а празнува голем празник. Ова се детали, но овие детали ја градат сликата за луѓето, овие детали ќе ве направат посакувани, сите ќе ве покажуваат со прст, да, но ќе кажат дека сте пристоен и добар, иако секако никогаш нема да можеме во целост да им удоволиме на луѓето, но можеме да направиме генерално позитивна слика и впечаток.

Уживајте во животот и трудете се постојано да учите од секого

Дури и од најмалото дете може нешто да се научи. Ова не е поговорка, туку буквалност. Секогаш сечие излагање следете го до крај, иако не се согласувате пробајте да го разберете неговиот став и не реагирајте бурно. Никогаш немојте да оддавате впечаток дека вие сте премногу уверени во своите способности. Секогаш имајте доза на неодлучност, дајте им можност на луѓето да ви даваат совети, тие го сакаат тоа, секако на вас останува дали ќе ги прифатите.


 

www.doktori.mk, 11.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил