Диета според типот на телото

студент по медицина

Има повеќе работи во животот што ги прави луѓето уникатни и различни едни од други. Дали тоа ке е карактерот, нашите способности или пак физичкиот изглед, сите ние сме посебни. Овие “разлики” се резултат на нашите гени. Еден интересен дел кој е детерминиран од нашите гени е и таканаречениот “somatypes” или тип на тело.  Уште во 1940 година научниците направиле поделба класифицирајќи го телото на три типа и тоа :

Ектоморф    (Ectomorph )

  • Високи со долги екстремитети

  • Брз метаболизам

  • Најчесто слаби, кои тешко качуваат на мускулна маса

  • Тесни рамена

Ендоморф   (Endomorph)

  • Кратко градено торзо, со широка половина

  • Побавен метаболизам за разлика од ектоморф

  • Најчесто се дебели и меки, и лесно качуваат на тежина

  • Најтешко го губат абдоминалното масно ткиво

Мезоморф  (Mesomorph)

  • Атлетско тело со тесна половина

  • Најчесто имаат долго правоаголно лице со испакнати зигоматични коски

  • Најдобро “генетско тело” кое лесно одржува солидна мускулна маса со мал процент на телесна маса “bodyfat”

  • Лесно качуваат но и лесно губат на тежина

Знаејќи го овој факт ние лесно можеме да направиме диета која најдобро ке одговара на типот на телото што го поседуваме но  и максимално да биде искористена од нашиот организам.

Диета кај ектоморфи треба да се состои преку внесување на 50 % јаглехидрати, 30 % протеин и 20 % масти. Тие треба да јадат на секои 2-3 часа, со умерена физичка активност (2-3 пати неделно).  Една обична диета кај ектоморфи би изгледала вака:

Оброк еден :

  • Мусли со млеко и банана

Оброк два :

  • 4-6 јајца
  • 1-2 кришки со путер од кикирики
  • Јаболко

Оброк три :

  • Ориз со стек
  • Зелена салата

Оброк четири:

  • Варен компир
  • Туна
  • Банана/Јаболко

Оброк пет :

  • Мусли со јогурт

Оброк шест:    

  • Риба со ориз
  • Зелена салата

Оброк седум :

  • Јаболко/Банана

Диета кај ендоморфи треба да се состои преку внесување на 25% јаглехидрати, 50% протеин, 25% масти. Овие луѓе треба да јадат од 3-5 пати на ден, и да внесуваат големо количество вода. Еден обичен пример како би изгледала една диета кај ендоморфи :

Оброк еден :

  • 2-4 белки
  • 10/15 зрна аронија
  • 1 до 2 кришки црн леб

Оброк два :

  • Овошна салата ( јаболко, банана, киви, портокал )

Оброк три :

  • Бело месо  со зелена салата и супа
  • 2 до 3 кришки црн леб

Оброк четири :

  • Туна/риба/бело месо но половина од третиот оброк
  • Една шака ориз/варени брокули

Оброк пет  :

  • Јогурт со мусли

Најбитно кај ова диета е оброците да бидат добро распоредени, а личноста која ја употребува во ниеден момент од денот да не почуствува осет за глад. Препорачано е пиење на зелен чај и на вода во тек на целот ден. Физичка активност кај ендоморфи е ПРЕПОРАЧАНА ( 3-5 ) пати неделно.

Диета кај мезоморфи треба да се состои преку внесување на 30-50 % јаглехидрати, 25-35 % протеин и 25-35 %  масти. Овие луѓе треба да јадат од 4 до 5 умерени оброци во текот на денот добро распоредени, со мала физичка активност во текот на неделата ( 2-3 пати ). Еден пример за диета кај месоморфи од 2000 калории би изгледал вака :

Оброк еден :

  • 2-4 белки/омлет/јогурт со мусли
  • Аронија/јаболко/банана

Оброк два :

  • 2 кришки путер од кикирики/домашен сендвич со павлака и врат
  • Супа
  • Јаболко/банана/портокал

Оброк три :

  • Паста/Ориз/Компир со бело месо/риба
  • Зелена салата

Оброк четири :

  • Бадеми/јогурт со мусли/2 кришки путер од кикирики
  • Јаболко

Оброк пет :

  • Туна со салата/Варен компир со јогурт/ бело месо со варени брокули

Во тек на денот препорачано е пиење на поголема количина на вода, зелен чај или свежо исцеден овошен сок.

 

дознајте повеќе за Иван Аргиров

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-


 

 

www.doktori.mk, 10.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана