Младите девојки се почести жртви на рак на дојка – како да се заштитите?

студент по медицина

Иако ракот се смета за комплексна болест, важно е да се сфати дека канцерогените заболувања се "симптоми" и "врв на ледениот брег"

Mлечната жлезда, е парен жлезден орган, карактеристичен за цицачите. Во пубертетот, под дејство на половите хормони кај женскиот пол таа се развива и добива форма која се среќава кај зрелата жена, додека кај мажите останува рудементирана. Дојката, особено жлездениот дел, е дел од репродуктивниот систем на жената. Таа е под невроендокрина контрола(CNS-хипоталамус-хипофиза-надбубрег-овариуми).

  Карцинот на дојката е најчесто малигно заболување кај жената. Претставува една четвртина од сите малигни заболувања и е на второ место како по застапеност така и во општиот морталитет од сите малигноми во општата популација одма по малигномот на белиот дроб. Деветнаесетгодишна девојка е најмладата пациентка оперирана од рак на дојка во земјава. Ситуацијата станува уште поалармантна, бидејќи бројот на заболени од ова кобно заболување секојдневно се зголемува, но уште пострашно е тоа што секојдневни “жртви“ на овој вид рак се млади девојки, кои оваа болест ја откриле во доцна фаза. Околу 700 нови случаи со рак на дојка се регистрираат годишно во Македонија.

Зголемената инциденца на канцерот се должи на следните аргументи :

  •  Младите жеи кои секојдневно консумираат алкохол се изложуваат на поголем ризик за развој од пролиферативни бенигни заболувања на дојките.

  •  Долготрајната употреба на хормонска контрацепција

  •  Прекумерна дебелина по менопаузата , води до лачење на поголемо количество естрогени хормони кои влијаат неповолно врз ткивото на дојката..

  •  Додавањето на големи количини на високо рафиниран шеќер во нашата исхрана –експоненцијалниот пораст на количината на шеќер кој го консумираме е неверојатен.

  •  Промени во методите по кои се одвива земјоделството и сточарството , како резултат на тоа и во нашата храна – фармерите го променија начинот на кој го хранат својот добиток. Префрлајќи се од пасишта на контролирано електронско фармерство. Оваа промена во исхраната и начинот на живеење на добитокот доведе и до промена на балансот на омега-3 и омега-6 во храната која тие ја продуцираат (месо, млеко, путер, јајца итн), што резултира со дизбаланс и во храната која ја консумираат луѓето.

  •  Изложеност на голем број на хемиски продукти кои не постоеја пред половината на минатиот век - годишната продукција на синтетски хемикалии порасна од 1 милион на 200 милиони до ден денес.

  •  Жените кои работат трета смена можат да го зголемат ризикот за развој на рак на дојката за околу 60%. Оваа теорија произлегува од таму што продукцијата на меланин ( хормон кој покрај другото ги регулира сексуалните хормони ) во човечкото тело, својот врв го постигнува во доцните ноќни часови. Изложеноста на јасна светлина во текот на ноќта ја смалува продукцијата на меланин, при што доведува до растење на нивото на естрогенот. Поради тоа и жените кои живеат во индустрилијазираните опшества кои се повеќе се изложени на вештачка светлина, имаа поголем ризик од рак на дојка отколку жените кои живеат во опшествата во развој.

  •  Во поново време актуелни се и гласините околу градниците и ракот на дојката 


Носењето на градник повеќе од 12 часови го запира лимфниот систем на градите и со тоа се дозволува лачење и натрупување на штетни субстанци во градите,што на крајот доведува до појава на ‘’ рак на дојката’’. Дозволете да објаснам дека ‘’ чистењето ‘’ на градите на тој начин нема никаков реален ефект врз развој на рак на градите,поради што истиот во реалноста е предизвикан од канцерогени клетки.

Еве како можеме да го намалите ризикот од појава на рак на дојка и да го зачувате здравјето на вашите гради:

  •  Физичката активност нека ви стане приоритет. Редовното вежбање помага за одржување на нормална тежина, го зајакнува имунитетот, го намалува нивото на естроген (високото ниво на овој хормон се поврзува со зголемен ризик од рак на дојка)

  • ... со вежбање се намалува нивото на шеќер во крвта, а со тоа и секрецијата на инсулин и IGF кои значајно допринесуваат за инфламација на ткивата и за раст и ширење на туморите.

  • ... физичката активност дејствува и на цитокините кои се одговорни за инфламаторен одговор, намалувајќи го нивното ниво во крвта.

  •  Не го заменувајте доењето со вештачко млеко, ако не морате

  •  Се почесто да се консумира филтрирана вода за пиење преку јаглени филтри или повратна осмоза.

  •  Витамин Д - Проверката на нивото на витаминот Д во крвта и неговото балансирање може да помогне во превентивата против канцерогените заболувања и како помош во борбата против ракот. Студијата од 2013 година покажала дека ниските количини на витаминот Д биле поврзани со намаленото ниво на преживување на ракот кај пациентите кои што се борат со оваа болест во периодот по менопаузата. 

  •  Зелен чај -го намалува растот на новите крвни садови кои се потребни за развој на туморот и метастазите.

  •  Ѓумбир– делува како моќен антиинфламатор и антиоксиданс. Исто така помага во редукцијата на создавање на нови крвни садови. Инфузија со ѓумбир исто така помага во намалување на гадењето и тешкотиите кои се појавуваат после хемотерапија или радиотерапија.

  •  Лук, Кромид, Праз– сулфурната компонента која ја има во оваа фамилија на зеленчук го редецира канцерогениот ефект на нитрозамините и н-нитро компонентите, кои се создаваат во препеченото месо или при согорувањето на тутунот. Потикнуваат смрт на клетките на канцер во цревта, градите, бели дробови и простата, како и кај леукемија.

  •  Мелатонин - е моќен инхибитор за создавање на клетките на ракот. Всушност, лабораториските студии покажале дека мелатонинот "ги успива" клетките на ракот на дојката и го намалува нивото на раст за 70%. Мелатонинот исто така го спречува негативното делување на естрогенот кој што во телото го внесуваме од околината, преку консумацијата на млеко, месо, млечни производи и морски плодови.

  •  Рузмаринот, тимјан, оригано, босилок и нане ја поттикнуваат апоптозата во клетките на канцерот и ја намалуваат нивната брзина на ширење преку блокада на ензимите кои им се потребни за да навлезат во соседните ткива. Карносолот во рузмаринот исто така е моќен антиоксиданс и антиинфаламатор. 

  •  Темно чоколадо – темното чоколадо (соджи повеќе од 70% какао) содржи одреден број на антиоксиданси, проантоцијаниди и полифеноли. Овие молекули го забавуваат растот на клетките на ракот и ја лимитираат ангиогенезата. Важно е да се знае дека мешањето на чоколадото со млечни производи го поништува ефектот кој го имаат молекулите на какаото во темното чоколадо. Затоа треба да се избегнува консумација на чоколадно млеко.

  •  Сода бикарбона - Мешавината од една супена лажица сода бикарбона и сок од органски произведен лимон во 2,5 децилитри вода, која ќе се консумира неколку пати на ден, успешно ја намалува киселоста во организмот, а познато е дека клетките на ракот не можат да растат во алкална средина.

  •  Пивото помага во менопаузата- За жените во менопауза пивото е добар додаток во исхраната. Ги намалува хормоналните осцилации во овој период а можат да го подобрат и нивото на естроген.

Студиите покажале дека голем дел од жените кои имаат дијагностицирано рак на дојка се убедени дека нивната болест се јавила како резултат на одредена стресна ситуација во нивниот живот, како абортус, развод, болест на нивното дете, загуба на работа итн. Лекарите, исто така, уште оддамна ја асоцираат појавата на канцер со психолошки стрес. Меѓутоа постојат голем број на контрадикторни студии, поради што онколозите до ден денес не можат да се усогласат дали сами на себе си ја наметнуваме појавата на канцер. Стресот сам по себе не предизвикува канцер, меѓутоа перцепцијата за изгубена контрола или беспомошност која се јавува кај пациентот влијае врз реакцијата која телото ќе ја има кон болеста. Неговиот негативен ефект се поврзува со ослободувањето на хормони, кои активираат одредени одбрамбени системи во човековото тело – како на пример се јавува одговор на инфламација, со што се олеснува растот и ширењето на туморот. А во исто време стресот ги одлага одредени физиолошки функции како што се дигестијата, репарацијата на ткивата и имуниот систем.


 Што можеме да превземеме во врска со стресот ? Д-р. Servan Schreiber, предлага да пробаме да се ослободиме од стресот со јога, медитација, квигонг или некој вид на вежби за контрола на дишење. Друго очигледно решение е да се придружиме кон групи за подршка на канцерот и сите колективно и масовно да ја подигнеме свеста за истиот. Да создадеме подобар живот и благосостојба, енергија која што безусловно ќе се шири низ нас...ние не го живееме тоа, тоа не живее нас. Ние сме само средство кое избира како ќе го живее тој драгоцен дар.

 

 

 

дознајте повеќе за авторот -  Христина Влавческа 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

www.doktori.mk, 07.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина