Доктори.мк | 7-ми Април, Светски ден на здравјето - ден на основањето на Светската Здравствена Организација(СЗО) | 7-mi-april-svetski-den-na-zdravjeto---den-na-osnovanjeto-na-svetskata-zdravstvena-organizacija-szo | Портал за медицина и здравје

7-ми Април, Светски ден на здравјето - ден на основањето на Светската Здравствена Организација(СЗО)

Денеска е светскиот ден на здравјето кој се прославува секоја година на 7 април, со што се и одбележува денот на основањето на Светската Здравствена Организација.

Светската здравствена организација (СЗО) во 1948 година на своето прво собрание одлучи 7 април да биде прогласен за Светски ден на здравјето, а од 1950 година Денот се одбележува секоја година. Денешниот ден е мотив за прослава на здравствените работници, мотив за  одбележување на уште еден ден, ден кој треба да не потсети дека е потребно да се даде се од себе за да се унапреди здравството и да сезачува доброто здравје на човекот.

 

 

Тимот на доктори.мк им го честита празникот на сите здравствени работници и на сите луѓе кои сакаат да се грижат за своето здравје, напоменувајќи дека "Здравиот човек има илјада желби, болниот само една: Да оздрави " 

 

 

www.doktori.mk, 07.04.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина