Седум факти за гравот кои не сте ги знаеле

Дека гравот е здрав за вашето здравје веќе имаме зборувано. Но, денеска ќе ви презентираме седум интересни факти за гравот кои веројатно не сте ги знаеле. Прочитајте ...

Факт број 1 - Гравот е древно растение

Гравот на луѓето им бил познат уште пред нашата ера. Околу 16 век бил донесен во Европа, најпрво се користеле неговите цветови како декорација, а подоцна започнал да се употребува во исхраната.

Факт број 2 - Постои грав со вкус на печурки

Специјална сорта на грав со вкус на печурки е откриен и се служи во некои земји. Оние кои го пробале велат дека додека го јадете чувствувате како да јадете печурки.

Факт број 3 - Клеопатра користела прав од гравот за одржување на нежно и бело лице

Некои историчари тврдат дека клеопатра одржувала убаво лице, со тоа што мешала прав од гравот со топла вода и приготвувала маска.

Факт број 4 - Гравот го содржи најкорисниот протеин

Гравот го содржи најкорисниот протеин за човековото тело, повеќе од многу меса, дури и од белото месо. Протеините на гравот брзо и одлично се апсорбираат, затоа се препорачува како редовна исхрана.

Факт број 5 - Гравот штити од рак

Истражувањата потврдиле, гравот штити од рак. Особено здрав е шарениот, односно темниот грав, тој содржи повеќе антиоксиданси.

Факт број 6 - Гравот го штити срцето

Научниците велат дека 5 супени лажици грав дневно се голема заштита за срцето и крвните садови, бидејќи тој содржи многу калиум и други протективни елементи кои се здрави за срцето и целото тело.

Факт број 7 - Најчеста храна кај војниците

Според изтражувањата гравот и во минатото и денеска е една од најчесто послужуваните храни на војската. Тој е здрава храна која им дава енергија, ја одржува глукозата на нормално ниво и превенира појава на многу заболувања.

 

www.doktori.mk, 06.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости